ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Претседателот на Собранието попладне во 17 часот ќе ги распише претседателските и парламентарните избори 2024

February 14, 2024 10:10
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска попладне во 17 часот ќе го потпише правниот акт со кој се распишуваат претседателските и парламентарните избори 2024. Седмите претседателски избори, според политичкиот договор, треба да се одржат на 24 април, додека на 8 мај ќе се одржат единаесетите парламентарни избори, коишто овој пат ќе бидат редовни. Доколку има втор круг од претседателските избори, тие ќе се совпаднат со парламентарните избори и ќе се одржат на 8 мај.

Според Изборниот законик, откако Митрески ќе ги потпише решенијата за распишување на изборите, тие треба да бидат проследени до Државната изборна комисија (ДИК), која ќе усвои роковници со што почнуваат изборните дејствија. Кампањата за претседателските избори се очекува да започне на почетокот на април и неколку дена да се совпадне со кампањата за парламентарните избори. Според објаснувањата од ДИК, за двата изборни процеси ќе има посебни роковници за спроведување на изборните дејствија.

Согласно членот 8а од Изборниот законик, од денот на донесување на одлуката за распишување на избори односно од денеска до завршување на изборот на претседател и пратеници во Собранието и изборот на Владата согласно со резултатите од изборите не може да се започне со изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности како училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година.

Исто така не може да се вршат исплати на надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати, ниту да се отуѓува државен капитал или да се потпишуваат колективни договори. Нема да може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

Во периодот од 20 дена пред отпочнување на изборната кампања се до завршување на изборот на претседател и пратеници во Собранието и изборот на Владата согласно со резултатите од изборите не може да се одржуваат јавни настани по повод започнување на изградба или пуштање во употреба на објекти изградени со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал. Под забрана за одржување на јавни настани не се подразбира давање на јавна изјава на носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција на митинг, интервју на медиум, дебата на медиум или одговор на новинарско прашање.

Исто така од денеска до завршување на изборот на претседател и пратеници, Министерството за финансии е должно сите буџетски исплати, освен редовни плати, пензии и комунални трошоци, да ги објавува јавно на интернет страна во посебна база за буџетски трошоци во изборен период.

Министерството за финансии две недели по распишување на изборите поднесува предизборен финансиски извештај во кој ќе биде опфатен преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот по ставки, во периодот од почетокот на фискалната година до денот на поднесување на извештајот кој се објавува на веб страната на Министерството за финансии.

Јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал, во рок од десет дена од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори за претседател и пратеници во Собранието, се должни до Државната комисија за спречување на корупцијата да достават податоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои располагаат. Податоците се доставуваат во електронска форма на образец кој на предлог на ДКСК го пропишува ДИК.

ДКСК на својата веб-страница го објавува регистарот на службени моторни возила на јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал. Доколку правните лица не достават податоци, ДКСК покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена од истекот на рокот за доставување на податоците.

Како подготовка за одржување на парламентарните избори на 28 јануари годинава, на 100 дена пред изборите беше формирана техничката Влада чиј претседател е Талат Џафери. Тој со неа ќе раководи до изборот на нова политичка влада.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Јован Митрескипретседателски изборираспишување избориСобрание на Република Северна Македонија

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk