Тројца цивили загинаа, а 12 други се повредени во руските ноќни напади во Селидове во областа Донецк, објави Градскиот совет на Селидове на Фејсбук, пренесува Укринформ.
Ноќта на 14 февруари, руските војници гранатираа цивилни објекти во Селидове. Дванаесет жители на градот, меѓу кои и четири деца, беа повредени. Загинаа три лица, меѓу кои и едно дете.
Како што дознава Цивил Медиа, под урнатините во моментов се наоѓаат заробени повеќе жители на градот, меѓу кои има и деца. Трае акцијата за нивно ослободување.
Руските терористи двапати го гранатирале Селидове ноќта на 14 февруари, при штос е оштетени девет станбени блокови и згради на централната градска болница.
Украинската амбасадорка во Земјава, Лариса Дирна преку Твитер објави ги осуди руските терористички напади врз украинските градови и цивили, и ги повика партнерите да ја обезбедат неопходна воена помош на Украина за да се запре рускиот терор.
720.државата-терорист🇷🇺секој ден гранатира цивили на 🇺🇦,користи различни комбинации на ракети,дронови и артилерија.
Нивна цел-да ни нанесат најмногу страдања и штета на 🇺🇦
Наша цел-да истраеме!
Цел на нашите партнери-обезбедување на🇺🇦со неопходна воена помош за да се запре🇷🇺терор pic.twitter.com/MNwt70l9Ps— Larysa Dir (@dir_larysa) February 13, 2024
720. државата-терорист Русија секој ден гранатира цивили на Украина,користи различни комбинации на ракети,дронови и артилерија. Нивна цел-да ни нанесат најмногу страдања и штета на Украина. Наша цел-да истраеме!
Цел на нашите партнери-обезбедување на Украина со неопходна воена помош за да се запре рускиот терор, порача амбасадорката.
721. државата-терорист рф го гранатираше г.Селидове, Донецката област – 3 загинати и повеќе од 12 ранети, меѓу кои има и деца, уништување на петкатна зграда: 12 станови се целосно уништени. Под урнатините има луѓе. Во тек е спасувањето на луѓето кои се наоѓаат под урнатините. pic.twitter.com/CYOMV84adt
— Larysa Dir (@dir_larysa) February 14, 2024
721. државата-терорист рф го гранатираше г.Селидове, Донецката област – 3 загинати и повеќе од 12 ранети, меѓу кои има и деца, уништување на петкатна зграда: 12 станови се целосно уништени. Под урнатините има луѓе. Во тек е спасувањето на луѓето кои се наоѓаат под урнатините, објави амбасадорката Дир на Твитер.
Драган Мишев / Цивил Медиа