Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во изјава за косовскиот портал Индексонлајн не ја отфрли можноста да се кандидира за претседател на Северна Македонија. Тој информираше дека во рамките на неговата партија веќе се дискутира за настапот на престојните претседателски и парламентарни избори.
„За овие прашања се одлучува во органите на партијата. Се уште нема седница на која ќе се испитаат темите и опциите со кои ќе настапи ДУИ“, изјави Ахмети.
Првиот интегративец, Али Ахмети, вицепремиерот Артан Груби денеска престојуваат во Приштина.
Д.Ј.