ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело

February 15, 2024 15:46
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ИЗБОРИ

Финализирано е вчера, сите здравствени работници кои работат во здравствениот сектор, имаме добиено согласност од Министерство за финансии, ќе продолжат со договор на дело. После изборите, обезбедени се средства од Министерство за финансии, ќе се пристапи кон отворање на конкурси, да не се прекршуваат законските прописи и истите ќе бидат вработени. За ова попладнево информираше новиот министер за здравство во техничката Влада, Илир Демири, одговарајќи на новинарски прашања.

– Голема благодарност и пофалност за сите оние, кои со години придонесуваат во здравствениот систем без пензиско осигурување, нагласи Демири.

Тој беше прашан како гледа на постапката за 1.117 вработувања во здравството.

– Ако може некој да се пофали за едно достигнување, може да се пофали оваа власт, со обезбедување на право и финансиска поткрепа за вработување на 1.000 и нешто здравствени работници, кои на некој начин, изминатиов период биле обесправени со договори на дело. Во државата има правила и прописи. Конкретно во тетовската болница е објавен конкурс, но тој конкурс оди во мирување, сега сме во време на предизборие и нема да го прекршуваме законскиот правилник што го одредува државата. Вчера е финализирано, сите здравствени работници кои работат во здравствениот сектор, имаме добиено согласност од Министерство за финансии ќе продолжат со договор на дело. После изборите, обезбедени се средства од Министерство за финансии, ќе се пристапи кон отворање на конкурси да не се прекршуваат законските прописи и истите ќе бидат вработени, подвлече Демири.

Како што тој информираше, договорите се продолжени на државно ниво, конкурсите се стопираат. После изборите, како што истакна тој, ќе се отворат конкурси и ќе се пристапува со законски одредби.

– Не знам колку ќе имам време и што ќе направам, но, во нешто ве уверувам, дека Министерството за здравство ќе биде сервис на сите граѓани кои имаат потреба и законските прописи ќе бидат почитувани максимално. После изборите, кој ќе го води Министерството, тој ќе креира политика за развој, додаде Демири.

Тој рече оти е трет ден откако ја извршува функцијата министер за здравство и „сите проекти што се базираат на факти и студии и што треба да се продолжат, сите проекти ќе се продолжат“. Тоа е и целта на прифаќањето на оваа позиција, изјави тој, за да нема прекин и да има континуитет во здравствениот систем.

Демири беше прашан зошто не го потпишал анексот на колективниот договор.

– Ќе мора да ви одговорам онака како што е суштината. Јас се видов со претставниците на синдикат, таму направена е една промоција за зголемување на плати, меѓутоа не е направена постапка за обезбедување на финансиска поткрепа и обезбедување на средства од буџетот, тоа е повеќе кажано како ветување, а не е исполнет критериумот. Остануваме должни, дали јас или идниот министер, тој договор мора да помине процедура, Министерство за финансии да се обезбеди финансиска конструкција и да се потпише после изборите. Здравствените работници, синдикатот е информиран дека не е спроведена процедурата, апропо обезбедување на средства, појасни Демири.

Во врска со огласот за вработување во гостиварската болница, Демири рече оти имало реакции, но, тој, како што нагласи, ја почитува пресумпцијата на невиност.

– Јас веќе одредив комисија да оди во гостиварската болница да се провери и доколку има неправилности, ќе се постапи според законски прописи. Никој во државата не е над законот, тоа е мојот став, рече Демири.

Tags: вработувањездравствоизбори
Next Post
Христијан Мицкоски насмеан на промоција на книгата „Колишевски и Македонија“

Мицкоски го чествува Колишевски, Ченто и Павел Шатев се превртуваат во гроб

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk