ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Мицкоски го чествува Колишевски, Ченто и Павел Шатев се превртуваат во гроб

February 15, 2024 15:50
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Христијан Мицкоски насмеан на промоција на книгата „Колишевски и Македонија“

Христијан Мицкоски насмеан на промоција на книгата „Колишевски и Македонија“

Share on FacebookShare on Twitter
Присуството на насмеаниот Христијан Мицкоски во првиот ред на промоцијата на книгата „Колишевски и Македонија“, прво ги збуни, па ги разбранува духовите во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за да стигне до жестоки реакции. Рекациите се од типот „Мицкоски го чествува Колишевски, Ченто и Павел Шатев се превртуваат во гроб“.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, изрази јавна поддршка на коалициониот партнер Социјалистичката партија на Македонија, која му оддаде почит на Колишевски, претставувајќи го како „една од најзначајните личности од македонската историја“.

На промоцијата, Ристо Никовски изјави дека во времето на Колишевски „македонската држава го доживеа својот процут“.

Поддршката на Мицкоски на глорификацијата на Колишевски како „една од најзначајните личности од македонската историја“ во која државата доживеала „процут“, наиде на жестоки реакции кај дел од ВМРО-вците, но и кај „левичарите“.

Порталот „Инфомакс“, на пример, го прашува Мицкоски „дали воопшто знае кој бил Лазар Колишевски?“, нарекувајќи го „најголемиот крвник на ВМРО“, потсетувајќи дека во негово време биле прогонувани и многу ВМРО-вци, а бил уапсен и осуден и Ченто.

Левичарскиот портал „Антропол“ објави текст Вмроовците на апарати – Мицкоски на промоција на книга за Колишевски, во кој се истакнува:

„На промоцијата Амбасадорот Ристо Никовски кажа три вистини за работата на Колишевски и комунистите во создавањето на Македонија за кои многумина не ни сонувава дека јавно и гласно ќе се кажат:

  1. Треба да сме бескрајно благодарни на српските комунисти кои се откажаа од Вардарскиот дел на Македонија за да има каде да направиме држава.
  2. Треба да сфатат сите во ВМРО-ДПМНЕ (у фаца на Мицко) дека комунистите не се непријатели туку дека биле најголемите патриоти и без комунистите ќе немаше македонска нација!
  3. Заблуда е дека Американците ќе дозволеле одење на Солун и било какво обединување на Македонија, сите кои тогаш тоа го агитирале само ќе го упропастеле создавањето на првата македонска држава.“

Мицкоски, како и во многу случаи досега покажува тотална политичка дозириентација, или пак, конвертира со политички процеси и ликови кои неговата партија ги определува како спротивност на нивните вредности. Поточно, ВМРО-вската пропаганда го користеше Колишевски како негативен пример, оцрнуваќи го премиерот на СДСМ Заев – „Премиерот необолшевички по стапките на Колишевски“.

За да биде иронијата или парадоксот на Мицкоски уште поголем и несфатлив е и фактот дека во пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ една од насоките беше СДСМ да се врзува за Комунистичката партија на Македонија и за Колишевски, а тој денеска му оддава чест со присуство на книга за неговото дело.

ВМРО-вските пропагандисти наведуваа и цитати од книгата  „Времето на Колишевски“  во која Колишевски „фрла дрвја и камења врз четирите свети букви“: „Едно од основните прашања што историчарите и историјата треба да го симнат од дневниот ред е дали ВМРО, како национално-ослободително движење, е автохтона, чиста и без туѓи влијанија или е организација која со времето, од разни причини и поводи се претворила во оружје на туѓинци, ги напуштила изворните идеи и принципи и застанала од другата страна на идеалот за самобитност, слобода и независност-на страната на тероризмот“.

„Македонска Нација“, портал кој ја споделува идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ, своевремено особено ја потенцираше пораката Ченто до Колишевски: Милост не сакам! Не ми треба помилување! Ќе одлежам до ден колку ме осудивте. „Македонска Нација“ ги обвинуваше Колишевски и Тито и за смртта на Павел Шатев: „Она што не им успеа на Султан Хамид и на цар Борис III, му појде од рака на Ј. Б. Тито и Л. Колишевски“.

Ако Мицкоски го заборавил сето ова пред да појде на промоцијата, некој од неговото потесно опкружување требало да го предупреди каде оди и кого ќе чествува.

Сега, откако и Мицкоски тргна „по стапките на Колишевски“ остануваат дилемите: Дали предизборно ќе воскресне сателитската партија на ВМРО-ДПМНЕ „Титови леви сили“, или пак ќе биде преименувана во „Лазови нови сили“? Дали Пандов ќе добие забрана да зборува против „комуњарите“ и ќе покрене иницијатива за нов споменик на Колишевски до споменикот на Ченто?

Р. Р. 

Преземено: Рацин.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Лазар КолишевскиПавел ШатевХристијан МицкоскиЧенто

НАЈНОВО

Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

June 6, 2025

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

June 6, 2025

Синер го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk