ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски во Лозово ги презентираше новите мерки за поддршка на земјоделците за 2024 година

February 15, 2024 20:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: МЗШВ

Фото: МЗШВ

Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на информативниот караван Резултати за земјоделците, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Лозово оствари средби со повеќе земјоделци, презентирајќи ги новита мерки за поддршка предвидени за 2024 година.

Министерот Николовски во својата изјава за медиумите истакна дека сите земјоделци овде од Лозово потврдија дека на крајот од минтата година ја добиле првата историска авансна исплата на субвенциите. Кога над 55.000 земјоделци, за прв пат, добија 30% од субвенциите, пред време, во текот на истата календарска година.

Тој дополни дека и оваа година заедно со земјоделците продолжуваме со силна и прогресивна земјоделска политика.

„Како што ветивме, од оваа 2024 година сите земјоделци добиваат 100% поддршка за зелена нафта. Мерка која ја креиравме во 2019 година, мерка по која сме препознаени во регионот, а која е од директна помош за секој земјоделец“, истакна министерот Николовски.

Производителите на житни култури, со ова зголемување на поддршката за зелена нафта, добиваат 3.200 денари по хектар поддршка за зелна нафта, додека пак кај производителите на индустриски култури поддршката за зелена нафта сега изнесува 4.800 денари по хектар.

Како министерство наша цел, сите овие години, е секоја една педа обработлива земјоделска површина да ја ставиме во функција за производство на храна.

„Секое парче обработлива површина овде во овчеполието е ставена на располагање на вистинските земјоделци. Денес нашата земја ја работат нашите земјоделци. Токму земјоделците од Лозово, најдобро можат да го потврдат тоа. Само во последниве години се склучени договори за закуп со над 120 физички лица и 19 компании, па така вкупното земјоделско земјиште, од 2018 до денес, кое овде во Лозово е доделено изнесува 1.400 хекатри државно земјоделско земјиште“, истакна министерот Николовски.

Министерот Николовски информира дека на последната владина седница, како предлог на министерството, беше усвоена измената во Уредбата за директни плаќања.

Измената е во насока да озоможи непречено право за субвенции на сите земјоделци на кои во овие месеци за време на изборниот процес, имаат истечени или ќе им истачат договорите за закуп на земјоделско земјиште. Преку измената земјоделците своето право за субвенциите ќе можат да го остварат врз основа на старите договори. Продолжувањето на договорите ќе се изврши веднаш по завршувањето на изборниот процес, продолжувајќи се на 15 години согласно последните измени во законот за земјоделско земјиште.

Во рамки на теренските активности во Лозово, министерот Николовски оствари посета на Пандура Велкова успешна жена земјоделка од селото Милино која произведува житни култури и тутун, а со поддршка од ИПАРД програмата има набавено земјоделска механизација. Задоволна од зголемената откупна цена и новата мерка за пријавена површина тутун, Пандура планира зголемување на своето производство тутун. Потоа посета на ИЗ Алтрај од село Дорфулија, успешно земјоделско семејство кое се занимава со производство на житни култури и кој имаат преку програмите на министерството досега набавено два трактори, а аплицирале и за мерката набавка на комбајн за жито. Министерот Николовски го посети и Исмаил Абидов, сточар кој со своето семејство одгледува над 300 грла овци.

При посетата на селото Дорфулија министерот Николовски ја посети и Атиџе Муратова, пчеларка и глумица, позната по документарниот филм „Медена земја“, каде на филмското платно ја раскажа својата приказна за последната жена одгледувач на диви пчели во Европа.

Извор: МЗШВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МЗШВНиколовски

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk