ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Крилото во АА на Таравари ја поддржа неговата кандидатура за претседател и коалицијата со ЕСП и ги поништи одлуките на Села

February 16, 2024 22:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Крилото од Алијансата за Албанците на лидерот Арбен Таравари на вонреден конгрес вечерва во Скопје ги потврди одлуките за кандидатурата на Таравари за претседател на државата и за коалицирање со Европскиот сојуз за промени (ЕСП).

Како што информираше портпаролот на АА, Блерант Рамадани, од вкупно 739 делегати на републичко ниво, на конгресот учествувале 421 делегат при што биле едногласно донесени неколку одлуки.

Во соопштението објавено од АА по конгресот,  се посочува и дека биле поништени одлуките на, како што се наведува, нелегитимниот состанок на Партиското собрание, одржано на 10 февруари 2024 година. Тие одлуки, стои во соопштението, биле окарактеризирани со бројни статутарни прекршувања, манипулации и веќе докажани фалсификати, за кои денеска Алијансата за Албанците најави поднесување кривични пријави против сторителите.

Била усвоена и измената на Статутот на АА, со која се укинуваат статутарните измени одобрени на Третиот вонреден конгрес одржан на 24 декември 2022 година и се враќа прелиминарната верзија на статутот, усвоена на 27 март 2022 година на Вториот партиски конгрес, со цел отстранување на дисфункционалностите во партиското одлучување.

– Една од непосредните импликации на овие промени е укинувањето на функцијата претседател на Собранието и на овластувањата на телото однапред познато како тесно Претседателство на партијата, стои во соопштението.

Таравари, се наведува, се заблагодарил на делегатите за едногласната поддршка и истакнал дека промената е веќе започната и оти Алијансата за Албанците ќе води позитивна кампања, отворајќи ги вратите за сите оние кои ја посакуваат долгоочекуваната промена.

Тој вчера ја објави својата кандидатура за претседател на државата со поддршка од ЕСП што го сочинуваат партиите од албанскиот опозициски блок – Алтернатива, Беса и Демократско движење.

Четвртиот вонреден конгрес на АА се одржа два дена пред конгресот што го закажа Села, а на кој, како што е најавено, ќе се бара одговорност и разрешување на Таравари поради неговата одлука да влезе во коалиција со Европскиот сојуз за промени.

Поврзано: 

Два Конгреса, ќе има ли и двајца претседатели на Алијансата за Албанците?

Tags: Алијанса за АлбанциТаравари
Next Post
воз

(ФОТО) 10 највозбудливи патувања со воз што мора да се доживеат

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk