ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Таравари го посакува Али Ахмети како противкандидат од ДУИ за претседателските избори

February 16, 2024 20:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Лидерот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари вечерва пред почетокот на вонредниот конгрес на партијата, изјави дека очекува да бидат потврдени одлуките за коалицирање со албанската опозиција, како и неговата кандидатура за претседател на претстојните избори.

-Конгресот е свикан заради две главни точки. Првата за да ја добијам поддршката од конгресот за да се кандидирам за претседател на државата и да почнеме да ги собираме потписите. Втората работа е да се потврди коалицијата што треба да се случи утре, а потоа ќе имаме уште една точка за статутарни измени на одредби кои очигледно беа злоупотребени изминатиов период, рече Таравари.

Прашан што мисли за конгресот на поранешниот претседател на партијата Села, и претседател на партиското Собрание закажан за во недела, Таравари рече „ова е легитимниот конгрес“.  Според него, за да се свика собрание потребни се две третини од делегатите, а Села немал ниту половина од нив. За тоа кого посакува за противкандидат од редовите на ДУИ, Таравари вели дека би сакал тоа да е претседателот на ДУИ Али Ахмети.

– Јас би го посакал Али Ахмети, но ќе ги почитувам и другите кандидати кои имаат поддршка од своите партии, истакна Таравари.

Конгресот се одржува два дена пред конгресот што го закажа Села, а на кој ќе се бара одговорност и разрешување на Таравари поради неговата одлука да влезе во коалиција со Европскиот сојуз за промени. Таравари, пак, вчера ја објави својата кандидатура за претседател со поддршка од париите во ЕСП.

Поврзано: 

Два Конгреса, ќе има ли и двајца претседатели на Алијансата за Албанците?

 

Tags: Али АхметиАрбетр Таравари
Next Post
Интервју со Оливер Спасовски за Фронтлајн. Фото: Ангел Ангеловски

Спасовски: Не е точно дека немаше обрасци за пасоши, во 2023 сменети се скоро 600 илјади пасоши

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk