Ученици од основно училиште во Прилеп направиле краток документарец за прилепскиот театар.
Како што се наведува во најавата за документарецот, краткометражниот документарен филм е проект на учениците од ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп. Тоа е проектна настава во рамките на наставниот предмент македонски јазик. Учениците имаа задача да направат документарен филм, откако научија што е тоа документарен филм.
„Во предвечерието на денот кога за прв пат се одигра ,,КИР ЈАЊА” во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, Среќен роденден Чернодринци! Нека се множат годините и догодина во НОВ ТЕАТАР да ве гледаме! Еве го нашиот подарок, сработен од моите ученици, со љубов и почит кон вас!“, вели во објава на Фејсбук наставничката Јулијана Талеска.
Сценарио: Бојана Гаралоска VIII – 4. Логистика: Душица Илиеска VIII – 4. Монатажа: Андреј Димовски VIII – 4. Снимање: Стефан Спиркоски VIII – 4, Младен Бундоски VIII – 4. Наратор: Теодора Малкоска VIII – 4 Голема благодарност на: Театарот „Војдан Чернодрински“, Домот за култура „Марко Цепенков“, Димитар Црцороски, Александар Тодески, Димитар Вандески, Илија Волчески, Димитар Ѓеорѓиоски, Ленче Бумбароска-Радосавлјевиќ, Каролина Мицевска, Бојана Артиновска. Извори: Монографија „Живот, сцена, игра“ – Иван Ивановски, 2000. Фотографии од монографијата Приватни фотографии од актерите, од фотографката Бојана Артиновска. музика: Фолтин, „Симултан бакнеж“ – употребена за некомерцијални цели.
– На Прилеп му е неопходен нов театар!, е главната порака од документарецот на основците од Климент Охридски.
Ј. Ѓ.