„Претстојните претседателски и парламентарни избори се важен испит за иднината на нашата земја за тоа дали ќе продолжиме да чекориме по европскиот пат и ќе ја зајакнеме демократијата, а со тоа и економско-социјалните можности, или пак ќе влеземе во еден мрачен тунел полн со неизвесности и популистички памфлети“, вели во изјава за „Фронтлајан“ – претседателот на Партијата за движење на Турците – ТХП, пратеникот Енес Ибрахим.
– Граѓаните ите како знаат да направат разлика меѓу конкретни програмски цели и небулози. Затоа очекувам граѓаните да ја потврдат европската определба на нашата земја, а со тоа како општество да раскрстиме со агресивните и разорни реторики кои само ја кочат иднината на нашата земја. Немилиот настан во Радовиш, каде што лекар, припадник на турска заедница беше нападнат на своето работно место од страна на поранешен висок партиски функционер отвара сомнежи дека режимот сѐ уште е жив како идеологија и тоа претставува сериозен ризик за сите нас. Недозволиво е тоа што сме сведоци како уште од првите денови на преодна влада има обиди МВР да се врати во старите неславни денови кога граѓаните со различни етнички и идеолошки припадности беа цел на репресија, вели Ибрахими.
Цврсто сум убеден, нагласи тој, дека граѓаните ќе ја носат вистинската одлука, определувајќи се за вистинска и реална визија за иднината на Северна Македонија.
Дестан Јонузи