ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Не е вистина дека кодот MKD премолчено е заменет со NMK

Министерството за надворешни работи информира дека во согласност со Договорот од Преспа, кодот NМК се употребува исклучиво за регистарските таблички на возилата. За сите други намени, кодот за земјата е МК и МКD, согласно Меѓународната организација за стандардизација (ИСО)

February 21, 2024 14:26
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Објава на социјалните мрежи тврди дека премолчено ни ги смениле кодовите на државата од MKD со NMK. Ова не е точно.

ПРЕЌУТНО КОДОТ MKD НИ ГО БРИШАТ И ЗАМЕНУВААТ СО NMK.

ЌЕ СИ ВИСИТЕ ❗❗❗

На интернет просторот, особено на социјалните мрежи, сè уште се шират манипулации околу официјалните кодови на нашата земја и личните документи.

На 12 февруари на полноќ престанаа да важат личните документи со поранешното име на државата Република Македонија. Важечки документи за употреба на документите надвор од нашите граници е името Република Северна Македонија. Но, не сите граѓани имаат лични документи, особено патни исправи и нови регистарски таблички со новото име. Гужвите коишто се направија поради вадењето на нови документи, предизвикаа и на социјалните мрежи да се искажува револтот. Но, на дел од објавите се споделуваат и невистинити информации со кои дополнително се крева паника и се создава револт кај населението.

Една таква објава тврди дека премолчено ни бил избришан кодот MKD кој го замениле со NMK. Ова не е вистина. Никој го нема сменето кодот и тој е утврден уште од самото потпишување на Договорот од Преспа, а тоа беше транспарентно објавено и оттогаш не е сменет ниту премолчено, ниту на било кој друг начин.

Во Договорот од Преспа утврдено е решавањето на разликата околу името како и незаокружените прашања поврзани со името каде што спаѓаат и кодовите за земјата. Па, така, во членот 1, секција Д точно е утврдено кои се кодовите на државата и како тие се употребуваат.

д) Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна (се мисли Република Северна Македонија – н.з.) ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО).

Истиот договор, на англиски јазик е објавен и од грчкото МНР каде што е целосно истиот текст за кодот на земјата.

Ова значи дека кодот MKD не е заменет премолчено со кодот NMK како што се тврди во објавата. Кодот NMK ќе се користи исклучиво за регистарски таблички на автомобилите, а не и за личните документи. Ова го потврдија и од Министерството за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи информира дека во согласност со Договорот од Преспа, кодот NМК се употребува исклучиво за регистарските таблички на возилата. За сите други намени, кодот за земјата е МК и МКD, согласно Меѓународната организација за стандардизација (ИСО) и како таков стои во документите издадени од Република Северна Македонија, меѓу другото и во патни исправи, лични карти, возачки и сообраќајни дозволи.

Кодовите на нашата држава се MK и MKD и тие кодови се употребуваат секаде, па и во личните документи и не се сменети премолчено. Единствениот исклучок се регистарските таблички на возилата каде што се користи кодот NMK, но и тоа не е одлучено премолчено туку е транспарентно објавено со Договорот од Преспа.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

Извор: Вистиномер

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: дезинформацииКОДЛични документиМКДНМКРегистарски таблички
Next Post

Во Тетово од 20 дена во февруари само пет дена немало загаден воздух

НАЈНОВО

Андоновски ја претстави новата апликација m.Uslugi – ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните

October 4, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Душата е важна, но не без ич мозок!

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Филипче се пошегува со „молк од штурци” за „успесите“ на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk