ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тошковски тврди – добил абер од ЕУ дека ќе важат пасошите со старото име, а според Османи, техничкиот министер за внатрешни погрешно интерпретира и врши јавен притисок

February 21, 2024 20:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изјави дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски погрешно го интерпретира ставот на Европската комисија за тоа дали во ЕУ ќе се признаваат пасошите со старото уставно име.

 

Тошковски денеска излезе со тврдење дека добил допис од Брисел оти Комитетот за патни исправи на Европската Комисија одржал состанок и оти ЕУ нема да прави проблем доколку граѓаните на Северна Македонија треба да патуваат со пасош со старото уставно име. Тој, дополнително додаде дека во ЕУ ќе имаат разбирање за проблемот, и ќе бидат максимално коректни и воздржани во однос на нашите граѓани.

„Тоа е лошо интерпретирање. Ставот на ЕК е дека Комисијата не носи одлука која важи за целата ЕУ туку тоа е суверено прашање на секоја од државите … Во однос на ова прашање земјите сами одлучуваат и досега повеќето земји практично сѐ уште дозволуваат граѓаните да се движат, но немаат официјален став“, изјави Османи.

Османи посочи дека официјален допис добиле само од две држави. Едната е Швајцарија која известила дека ќе дозволува движење со пасошите со старото уставно име. Другата е Босна и Херцеговина која информирала оти нема да ги признава ниту пасошите ниту личните карти со старото име.

Во пракса, пак, додава Османи, засега граѓаните немаат проблеми.

„Во главно, граѓаните немаат поголеми пречки во однос на враќањето дома. Прво, зашто ние се организиравме во дипломатско-конзуларните претставништва, овозможивме бесплатни патни листови и достава на нив по пошта. Во многу држави и не им ги бараат патните листови. Меѓутоа, бидејќи јас немам добиено официјална нота од државите како се однесуваат по однос на старите пасоши, не можам и официјално да ги известам граѓаните. Меѓутоа, тоа е порака – значи повеќето од државите дозволуваат движење и со старите пасоши“, потенцираше Османи.

Тошковски денеска зборувајќи за дописот од Брисел, уште еднаш повика во Собранието во Северна Македонија да се продолжи важноста на пасошите со старото уставно име до крајот на годината. До тогаш, според него, би можеле да се заменат околу 650.000 пасоши кои се со „Република Македонија“.

Министерот за надворешни работи, пак, смета дека обидите да се прави ваков јавен притисок се нечесни.

„Прво, затоа што член 118 од Уставот вели дека меѓународните договори кои се ратификувани од парламентот се дел од нашиот внатрешен правен поредок и не може да се смени со закон. Преспанскиот договор е на сила и ние го почитуваме и имплементираме“, вели Османи.

 

Тој повика, наместо јавен притисок, да се седне на маса и да се направи организација, односно да се зборува за снабдување со нови машини за сликање и произведување пасоши, дистрибуција до дипломатско-конзуларните претставништва, МВР да разговара со фирмата за побрза достава на обрасци итн.

Ако се направи тоа, притисокот за нови пасоши, според него, ќе спласне за еден до два месеци.

М. П. 

Tags: ОсманипасошиТошковски
Next Post

Бојмацалиев: Препознаено е уште едно лице од инцидентот во кој полицаец нападна друг колега полицаец во скопски локал

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk