ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Пендаровски и СДСМ

February 22, 2024 10:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Неформалниот избор на Стево Пендаровски за кандидат на сдсм на претседателските избори е добар резултат на политичката ферментација во последниве неколку месеци. Потенцијалот на сдсм да поддржи победнички кандидат, специјално во однос на Пендаровски, е зголемен од 2 пред решението, на 4 или пет по таа одлука. Затоа што изборот на Стево ќе ја зголеми моќта на партијата, ќе го рехабилитира нејзиното единство, ќе придонесе за растурање на маглата на депресијата и осипувањето, ќе ги освежи надежите и ќе го зголеми оптимизмот што во овие тешки времиња за сите е исклучително важно. Ефектот што Пендаровски, односно неговиот избор ќе го има врз капацитетите на сдсм, многу јасно, позитивно, можеби и решавачки позитивно, ќе се одрази врз неговиот избор, не само поради директните ефектите на взаемнодејствието за кои кажав три збора, туку и зато што потврдата на тоа единство, кое помина низ некои искушенија за време на првиот мандат, ќе ја зголеми гравитационата моќ во однос на неопределените гласачи, а веројатно ќе ангажира и некои партии.

Изборот е, можеби, идеален за Македонија.

Затоа што има победнички капацитет и политички потенцијал и кај Пендаровски и кај сдсм, кој својата освеженост ќе мора да ја потврди со кандидатите за пратеници и со кампањата во која ќе понуди нови решенија за старите генерални ориентации.

Оваа решение претставува најдобро спротивставување на партијата со опасни намери што е регистрирана како револуционерна инсталација на националното единство, што по дефиниција е смртоносен и срамотен фактор со коефициент сто. Потврден во тажната судбина на Македонија. Тие можат да бидат добри музејски експонати или да одат во лов на диви свиње во Јасен, по еделвајси и селски жени на Пирин, но, во политиката тие се дефиниција на бруката на македонската нација пред Европа.

Знам дека никој нема да се нафати со историската задача да го ослободува Македонецот од Македонија. Да го извлече од неговата фолклорна и југословенска форма, која во новите услови делува приспиво, несоодветно и го прикажува нашиот човек како манекен на првата линија на фронтот. Само слободен граѓанин може да ја оправи Македонија и да ја издигне на нивито на другите нации во Европа. Тоа значи дека темата не смее да биде одбраната на националните интереси и одгледување на нови генерации кои своите животи ќе ги арчат на тие апстракции, на тоа што бил Гоце по националност и на кој јазик зборуваме, туку изградбата (знам дека звучу малку грубичко и социјалистички, ама што од тоа) на нов Македонец кој ќе може да направи нешто убаво и паметно за себе и за Македонија.

Нација без митови нема, но нема и нација со митови кои не и даваат да мрдне од шините по кои доаѓа или заминува брзиот воз на историјата. Тие ревизии мораат да бидат наши иницијативи, ние треба да си го расчистиме историскиот двор и да дакажеме дека сè зависи од нас, од сегашните генерации, односно дека од Самоил, не зависи ништо.

Наративот кој триесет години ни го наметнува вмро мора да го фрлиме во Дрисла. И вмро-дпмне како фактор кој сака од истирискиот мит да прави политички концепт. Тоа е таа смртоносна декаденција кон која не влечат тие говњари. Јавниот дискурс не смеат да го водат пирински комити од пред сто години со своите песови по разноразни медиуми на специјалната операција против Македонија, туку Македонецот ослободен од фрустрациите и хендикепите на историјата што му ја сервираат разноразни барабанџии, модерен човек на паметта, уметноста, науката, модерноста, европскоста, без црвени, жолти или зелени линии, освен тие на небото. Ние мораме да и го диктираме темпото и квалитетот на перспективите на Макединија, а не Македонија нашите животи.

Особено мораме да ги отфрлиме ридикулозните идеи за ремакедонизирање на Македонија преку нормативна и стварна инаугурација на Македонците како газди и на другите како „рамноправни” граѓани од трет ред.

И свињариите во врска со асимилаторските и антимакедонски опасности во Европа.

Значи, Европа здај и меѓунационална хармонија на највисоко ниво, обезбедена со Уставот, законите и политиката.

Пендаровски има ограничени овластувања, но фактот дека ќе влезе во последниот мандат може да го ослободи во преземањето на овие иницијативи кои се разбира не се без ризици, но што да се каже, каква е таа политика без ризици. Дури и делењето на ордени не е без ризици, особено ако е дупната кофата во која ги носи. Истите работи важат и за сдсм со тоа што тие нема да можат да влезат во вакви преобразби дури и да победат на изборите, ако кадровски не се реновираат темелно.

И уште една, можеби најважната работа: изборите нема да бидат политички избор во класична смисла. Затоа што вмро-дпмне не е партија, односно е фактор кој го деструира политичкиот и уставниот систем заедно со Македонија и македонската нација. Тоа значи дека, колку и да звучи тоа излитено од пречеста употреба, ќе одиме на историски избори на кои ќе решаваме дали ќе го продолжиме националниот и државен проект во Европа или ќе го прогласиме за неуспешен и пропаднат. Дефинитивно, без право на поправен.

(Силјановска ја ставам во заграда затоа што не е за без елементи кои ќе го ограничат нејзинито политичко делување. Типичен претставник на квазиинтелектуалното празнословие, на македонистичката затапеност и на апсолутното неразбирање на новата македонска стварност во однос на другите народи. Жена чиј хендикеп не е тоа што е од времето на првото диско, туку во тоа што мисли дека Македонецот не е Македонец ако не игра така и дека сите други што не играат така, треба да се исфрлат од салата)


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: избориПендаровскиТричковски

НАЈНОВО

На „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола

July 4, 2025
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk