ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Албански медиуми – преглед на ЦИВИЛ: Албанија и Британија заеднички против организираниот криминал; продолжува притворот за Тачи и Весели

February 23, 2024 13:08
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН

Албанија и Велика Британија ќе формираат работна група против организираниот криминал. Двете држави ќе спроведат заеднички истраги и ќе разменуваат информации за напад на криминални групи и запленување на нивните имоти, пренесуваат албанските медиуми.

Социјалистичката партија го повлече предлог-законот за кривична амнестија што се очекуваше вчера  да помине во парламентот. Причина за ваквата постапка на мнозинството е судирот со опозицијата. Засега нема консензус за кривичната амнестија, закон кој бара минимум 84 гласа за да се донесе.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Визион Плус: Албанија и Британија со работна група против организираниот криминал

По работната група против илегалната имиграција, Албанија и Велика Британија ќе формираат работна група против организираниот криминал. Исто така, двете држави ќе спроведат заеднички истраги и ќе разменуваат информации за напад на криминални групи и запленување на нивните имоти.

Ова ќе биде овозможено благодарение на меморандумот што беше потпишан меѓу Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) и Националната агенција за криминал (НЦА) на Обединетото Кралство. Генералниот директор на оваа агенција Грем Бигар на 22 февруари го потпиша меморандумот со првиот човек на СПАК, Алтин Думани, пренесе Визион Плус.

Клан: Немаше  консензус за амнестија, социјалистите го повлекоа предлог-законот  од Собранието

“Извори за Клан информираат дека Социјалистичката партија го повлече предлог-законот за кривична амнестија што се очекуваше вчера  да помине во парламентот. Причина за ваквата постапка на мнозинството е судирот со опозицијата. Засега нема консензус за кривичната амнестија, закон кој бара минимум 84 гласа за да се донесе .

Министерот за правда Улси Мања вчера за медиумите објасни дека нема амнестија за ниту едно од кривичните дела кои се истражуваат и судат во Специјалниот суд. Тој рече дека исклучок има само за некои полесни прекршоци кои се кривични дела.“, пренесе Клан.

Сури: Судот ги ослободи демонстрантите/ Барди: Беа земени како заложници, полицајците се идентификувани и ќе сносат лична одговорност

Претседателот на пратеничката група на ДП Газмент Барди во изјава за медиумите по ослободувањето на четворицата демонстранти рече дека тие биле заложници на режимот на Еди Рама.

„Судот и обвинителството денеска докажаа дека Андреа, Кинди, Бледари и Исмети околу два дена беа како заложници на државната полиција како уапсени, политички затвореници на режимот на Еди Рама, пренесе Сури.

КОСОВО

Перископи: Продолжува притворот на Тачи Весели

„Специјалниот суд го продолжи притворот за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи и Кадри Весели, на кои им се суди за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото.“, пренесе Перископи.

РСЕ: Османи вели дека во Косово ќе се гради регионален центар за жени и безбедност

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во петокот најави дека во соработка со Стејт департментот на САД, на Косово ќе се гради Регионален центар за извонредност за жени, мир и безбедност.

Говорејќи во Приштина на регионалната конференција „Парламентаризмот и резолуцијата 1325: перспективи од Западен Балкан, Османи истакна дека Косово е една од четирите земји избрани за овој центар.

„Отворањето на овој центар на Косово стана дел од американската стратегија за жените, мирот и безбедноста, како и дел од американскиот национален акционен план“, рече Османи, пренесе Радио Слободна Европа на албански јазик.

КОЛУМНА

Коха: Со овој молив пишуваше  цел Балкан – и Зигмунд Фројд

„Ако ги прашате луѓето заинтересирани за историјата на Балканот што ја одржа Југославија заедно, тие обично споменуваат два брендови: жолтиот зачин наречен Вегета и алатките за пишување на Пенкала, традиционална фирма од Хрватска. Вегета сè уште е присутна на слободниот пазар (дури и во продавниците во Швајцарија). Додека Пенкала банкротираше пред неколку недели. И така ќе исчезне дел од пишаната култура и историја на Балканот.“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „ Со овој молив пишуваше цел Балкан – и Зигмунд Фројд“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: Албански медиумиЦИВИЛ
Next Post
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Почна собирањето потписи за Бујар Османи за кандидат за претседател

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk