ВЛАДИМИР КОЧОВСКИ
Ми кажа дека имала тешко породување…царски рез…неколку дена во кома, лекарот рекол или бебето или таа.
Се разбудила и првото нешто што го побарала била “Васина торта”.
Не знаела зошто?! Само ете така, тоа го побарала.
– Денес сакам да ги почастам од работа…па ако сакаш дојди и ти.
– Не, не знам дали е добро да дојдам.
– Па нормално дека е…ај дојди…те молам, онде ќе биде у оној кафиќ.
Кога влегов веќе сите беа распоредени на споените маси.
Наздравуваа, грицкаа…имаше и торта.
– Повели ова е за тебе
– Добро цвеќе, а ова што е?
– Па тоа е…не можам само така да објаснам.
Еден од поканетите изговори дека е торта.
– Погоди мајсторе
– Епа што има да се објаснува?
– Па да, ништо кога би била обична торта.
– Ајде кажи што има да се каже за една торта.
– Ок…ај да пробам.
– Легендата вели дека тортата го добила името по Васа Чокрљан од Параќин уште во 1908 година.
Тој до својата 41 година одбивал да се жени, но тогаш се заљубил во Јелена и станува нејзин маж.
Набрзо после венчавката, дознаваат дека ќе станат родители.
Пороѓајот е ризичен и по жената и по бебето па Васа продава се што има и ја носи прво бо Белград па потоа во Беч.
Благодарение на добрите лекари на свет доаѓа ќерката Ружица, а мајката успешно се опоравува.
По враќањето во Параќин, мајка и како благодарност за зетот за тоа што го направил за нејзината ќерка, ги вика на ручек.
Измислува торта и ја нарекува по него “Васина торта”.
Ете тоа е таа приказна…слични судбини…ништо посебно.