„Сметам дека преизборната реторика не е сменета, а новите партии како ЗНАМ ги фаќаат граѓаните на сентименталност членовите на СДСМ, заради тоа што дел од нивното членство доаѓа од редовите СДСМ. Не можам да се сложам со та констатација-Македонија во слободен пад – а со другарката Бендевска не се знаеме затоа што јас бев шеф на ИШ, кога таа беше пратеничка, јас бев од оние кои трчаат за пратениците бидат избрани во парламентот. На предлог на владејачкото мнозинство Бендевска е избрана за член на Комисијата за заштита од дискриминација и претсеадтел на таа комисија, тука се гледа ширината на политиките на СДСМ,“ рече Костадин Ацевски член на ИО на СДСМ и директор на ЈП „Македонија пат“ во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.
Во однос на тоа дека ЗНАМ се лев центар, Ацевски посочи дека ЗНАМ демонстрира десничарски идеологии и десничарски политики. Не можам да се сложам дека се во коалиција со граѓаните бидејќи, во Куманово единствено каде што можеме да видиме со кого се во коалиција, се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
„И за прв пат ВМРО-ДПМНЕ во Куманово има локална власт благодарение на ЗНАМ. Можеби имало одредена можност да земаат гласови од СДСМ во текот на локалните избори кога беше промовирано како движење, но сега кога се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ со истите кои ги исфрлија од Парламентот и кои ја доведоа Македонија во ваква состојба, која ние сега ја решаваме, и да спомнам дека ВМРО-ДПМНЕ има двајца директори на јавни претпријатија на локално ниво. Така што не можеме да кажеме дека ЗНАМ е во коалиција со граѓаните,“ рече Ацевски.
Тој посочи и дека најголем дел од потписите по официјалната страна на ДИК се од Куманово каде Максим Димитриевски е градоначалник.