ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДИК: Заклучно со вчера 38.396 граѓани дале потписи за поддршка на претседателските кандидати

February 27, 2024 11:04
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Според најновите објавени податоци на Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со вчерашниот ден до 20 часот вкупно 38.396 граѓани дале потпис за подносителите на кандидатура за претседател на државата. Според објавените податоци на ДИК, досега потребните 10 илјади потписи од граѓаните ги собрал Бујар Османи, кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за кого се потпишале 10.528 граѓани.

Според пресекот на ДИК, по Османи најблиску со собирање на потребните 10.000 потписи на граѓани се лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски со 8.400 собрани потписи, кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“, Арбен Тарвари  7.513, кандидатката поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска-Цветковска има собрано 6.237 потписи и кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски има 4.718 потписи.

Сите останати на листата од 11 кандидати за шеф на државата имаат по помалку потписи – кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачки демократски сојуз има 696, кандидатот Вело Марковски 682 потписи, Ѓорѓи Манасков – 186, Зорица Цветковска – 99, Господин Попоски има 19 потписи. Според податоците од ДИК, во овие четири дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.

Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори.

Според објавените досегашни  податоци од ДИК, до дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) пристигнале вкупно 166 пријави од државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство за гласање за претседателските избори закажани за 24 парил и за парламентарните избори на 8 мај.

Нашите државјани ќе можат да се пријавуваат за гласање до 18 март електронски или во ДКП-та на нашата држава во земјите каде живеат.

Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

Tags: ДИКпретседателски избори 2024собирање потписи
Next Post

ЈО ќе проверува евентуална поврзаност на убиството во Блаце и пожарот во Чаир

НАЈНОВО

Аларм за глобалното здравје: САД го намалуваат финансирањето за вакцини

September 1, 2025

Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

September 1, 2025

Ливерпул постигна договор со Њукасл за Исак за рекордни 125 милиони фунти

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk