Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Држава во која целото општество е составено од ловци на лисици, со бигли, вижли и други ловечки песови, а владата и власта се проектирани како ловни трофеи, е невозможна. Се разбира, јас не сакам да кажам дека општеството треба да се откаже од ловот на животните кои им прават бербат во кокошарникот, но гледам дека во целава хистерија сигурно уловени се ловците, а лисиците се слободни. И не само што се уловени, тие почнуваат да се дерат, да го чуваат крзното за пред камините или за вратовите на жените, а месото им го фрлаат на кучињата. Нацијата е атомизирана и обезличена, десубјективизирана, острвена. Резултатот се разбира, може да биде пад на владата, но цената на тој пад, не како пад, се разбира, секоја влада може, а многу и треба да паднат, туку како нестварна операција од седум години, ќе биде катастрофална, не за паднатата влада, туку за разореното општество.
Слободата е искористена за кршење на клавишите, а не за свирење на бунтовнички марш. Тоа е слонот на македонското општество кој заедно со клавишите се растопи во нешто како обилен пролив.
Чист, органски, македонски пролив.
Никој никогаш не работел против себе вака и тоа во услови на просперитет, политичка стабилност и материјална сигурност.
Таа беспризорна кампања и нејзината тоталитарност се гледаат, не по регистрацијата на грешките или лошите решенија на власта и во критиките по тие основи, туку во задушувањето на секој позитивен гест, настан, дело, автор…темница од која нема кој да излезе кога ќе се појави светлото на крајот на овој вештачки тунел.
Без емоции човекот се обесчовечува, со вишок емоции станува опасен за себе и за околината, без разум е ништо, а без многу разум или со ич разум, е транзициски Македонец од класата вмро, кој на семафорот на Историјата се двоуми дали да појде лево у курац или десно у пизду материну.
Само право-не!