ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Јапонска пекара користи вештачка интелигенција за да произведе „романтичен леб“ наменет за младите кои имаат аверзија кон љубовта

February 28, 2024 17:51
in TECH FRONT, ZOOM IN, ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Си-Ен-Ен

Фото: Си-Ен-Ен

Share on FacebookShare on Twitter

Каков вкус има љубовта? Одговорот најверојатно зависи од тоа кого прашувате.

Од некои луѓе може да добиете одговор дека вкусот е горчлив, како темно чоколадо. Други, пак, може да го опишат чувството како вкусно декадентно, како слатко колаче.

Па, еден синџир на пекари во Јапонија користи технологија за да ги дознае одговорите.

Најстарата пекара во земјата, Кимураја, ги здружи силите со јапонската компанија за електроника НЕК Корп за да го произведе она што го нарекува „Рен АИ Пан“ – што во превод значи „Романтичен леб создаден со вештачка интелигенција“.

НЕК и Кимураја тврдат дека новата понуда, која доаѓа во пет вкусови, ја доловува суштината на чувствата што многумина од нас ги поврзуваат со љубовта.

Според соопштението објавено од двете компании, НЕК ја користела својата технологија за вештачка интелигенција за да ги анализира разговорите од реалити ТВ-шоуа за љубовни состаноци, како и песните кои во своите текстови ги содржат зборовите од типот на слатки и овошје.

Преку оваа анализа, тие успеале да идентификуваат пет клучни романтични чувства: прва средба, прв состанок, љубомора, скршено срце и взаемна љубов. Тогаш, наводно, пекарата ги трансформирала овие чувства во различни вкусови на воздушест леб на пареа.

Дали би сакале да лапнете едно парче?

Лебот е пуштен во продажба од 1 февруари во супермаркетите во областа Канто во Јапонија и е достапен на онлајн продавницата на Кимураја.

Како да го пронајдете вкусот на љубовта

Што се однесува до тоа што доведе до овој необичен пар, се чини дека и двата бренда се соочувале со сличен предизвик, поточно, како да ја зголемат својата привлечност кај помладите генерации Јапонци.

Преку истражување на пазарот, Кимураја открила се поголем број млади кои велат дека не се заинтересирани за романтични врски. И покрај ваквиот тренд, кај младите сè уште постоела силна желба да одат на состанок, да се заљубат и да завршат со партнер.

Препознавајќи ја оваа празнина, компанијата одлучи да создаде леб кој ги рекреира вкусовите на романтиката за да евоцира чувства на заљубеност – всушност, инспирирајќи ги да внесат некои од тие сензации во нивниот личен живот.

НЕК вели дека користела две технологии за вештачка интелигенција за проектот: „NEC Enhanced Speech“ за конвертирање на говор во текст и „NEC Data Enrichment“ за генерирање резултати на емоции од текстуални податоци.

"Tears of Heartbreak" bread is flavored with apple cider and grapes.

Користејќи ги овие информации, вештачката интелигенција избрала состојки што ги претставуваат емоциите поврзани со љубовта.

За да добијат материјал за работа, компанијата спровела „анализа на разговор“ користејќи 15 часовна снимка од јапонско реалити ТВ-шоу за љубовни состаноци наречено „Денес се заљубив“.

Оттаму, вештачката интелигенција ги претворила разговорите во текст, ставајќи ги секој во една од петте категории: судбоносна средба, состанок, љубомора, скршено срце или взаемна љубов.

Следно, вештачката интелигенција извлекла стихови од приближно 35.000 песни поврзани со љубовта и храната од јапонската база на податоци. Потоа, вештачката интелигенција беше искористена за доделување „емоционални резултати“ на разговорите и стиховите за да се создаде визуелна мапа што одговара на различните фази на љубовта со одредена храна и вкусови.

Лебот „Судбоносна средба“ има вкус на шеќерна волна, која ја претставува слатката, воздушеста емоција на првите љубовни скокоткања. „Љубомората“ има вкус на виолетови слатки компири, масло од тартуфи и суво грозје.

Заокружувајќи ги другите лебови, „Првиот состанок“ има вкус на цитрус, лимета и кора од портокал, а „Взаемна љубов“ е слатка мешавина од мед, праска и питаја.

Иако овие концепти за леб беа создадени благодарение на технологијата, сè уште имаше потреба од човечко учество.

„Изборот на состојките го направи вештачката интелигенција, но нашата улога беше да го направиме лебот“, рече Јуки Китазава, програмер во пекарата Кимураја. „Посветивме внимание на боите што се користат за визуелно изразување на романтични емоции и се стремиме кон живописен и поп изглед на нашиот романтичен леб.

Извор: Си-Ен-Ен

Превод: Марта Пешевска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: вештачка интелигенцијаЈапонијаљубовмладипекара

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk