ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски од Рим: Со СДСМ членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел

March 1, 2024 21:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Рим, Италија, присуствивал и се обратил на заедничкиот настан на Италијанската социјалистичка партија и Италијанската демократска партија во соработка со Европскиот форум за деморактија и солидарност и ЦИЕ Мрежата за родови прашања, соопшти СДСМ.

На настанот, на кој присуствувале и Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка и прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, како и Бисера Костадиновска – Стојчевска, потпретседателка на СДСМ и министерка за култура, Ковачевски говорел за прогресивните политики кои ги имплементира СДСМ, а кои се посветени на унапредување на демократијата, социјалната правда, економскиот развој и благосостојба на граѓаните и политиките за родова еднаквост за која СДСМ е предводник во Северна Македонија.

Во обраќањето, тој се осврнал на политиките на СДСМ кои овозможија позитивни резултати изминативе години.

-Кога зборуваме за социјална правда, мора да посочам дека дека ја зголемивме социјална помош за 300 отсто, ги зголемивме пензиите за 50 отсто, ја намаливме невработеноста од 25 отсто на 12,8 отсто, ги зголемивме платите, и тоа минималната плата четири пати, просечната плата 70 проценти, го зголемивме бројот на вработени, ги удвоивме странските инвестиции и ги поддржавме домашните компании и инвеститори. Ова се резултати на влада што враќа пари назад кај граѓаните, а не се фокусира на градење патриотски споменици кои го билдаа егото на авторитарниот режим како што го имавме 11 години, посочил Ковачевски во обраќањето.

Тој се осврнал и на фактот дека по доаѓањето на СДСМ на власт, кај сите параметри за демократски напредок се бележи напредок, како што е и фактот дека од 118 место, денес сме на 38 место во однос на слободата на медиумите.

Говорејќи за заложбите на СДСМ за унапредување на родовата еднаквост, Ковачевски истакнал дека во неговиот мандат како премиер, 50 отсто од министрите од редовите на СДСМ беа жени, нешто што досега ниту една Влада не успеала да го постигне. Ковачевски истакнал дека се залага за понатамошно унапредување на застапеноста на жените во политиката, но и во останатите сфери на општествено делување, бидејќи родовата еднаквост е еден од темелите на социјалдемократските прогресивни политики кои ги спроведува СДСМ.

Ковачевски посочил дека СДСМ, како државотворна и прогресивна партија ќе продолжи да испорачува прогресивни и проевропски политики, и со таква програма и ќе настапи на претстојните избори годинава. Тој нагласил дека СДСМ останува посветена на реформите кои ќе обезбедат европска иднина за граѓаните на Северна Македонија, и ќе продолжи да се залага за имплементација на Планот за раст кој ќе помогне за што побрза интеграција на регионот во единствениот европски пазар.

-Членството во ЕУ до 2030 година е амбициозна, но достижна цел, истакнал Ковачевски пред учесниците на заедничкиот настан на Италијанската социјалистичка партија и Италијанската демократска партија во соработка со Европскиот форум за деморактија и солидарност и ЦИЕ Мрежата за родови прашања.

Tags: ЕУКовачевскиРимСДСМ
Next Post
Љупчо Палевски Палчо. Фото: скриншот

Коцевски: Чекаме екстрадиција на Палчо, доказите за убиството на Вања се обезбедени

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk