ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Митрески: Ќе предложиме измени на Законот за високото образование за регулирање на коефициентот за плата во јавните високообразовни установи

March 4, 2024 16:55
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието, Јован Митрески на денешната редовна понеделничка координација со првите луѓе на пратеничките групи донеле одлука да се предложат измени на Законот за високото образование, со кои, се очекува, да се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи.

-Со цел да ја надминеме нерамноправната положба на вработените во петте државни универзитети: „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св. Апостол Павле“, како и во Универзитетот „Мајка Тереза“, на денешната координација донесовме одлука да предложиме измени на Законот за високото образование, со кои ќе се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи, со што ќе се обезбеди соодветно покачување на платите за сите, напиша Митрески на својот Фејсбук профил.

На овој начин, посочува тој, го унапредуваме стандардот на сите вработени во високообразовната дејност, но и инвестираме во образованието и во иднината на младите генерации.

Митрески ги повикува сите пратеници да го поддржат ова законско решение, бидејќи, како што вели во образованието е прашање за кое е неопходен консензус и за кое нема простор за политички или партиски калкулации.

Министерството за образование и наука (МОН) денеска во врска со протестот на петте јавни универзитети, кои бараат потпишување на колективен договор, за МИА потврди дека ја поддржуваат секоја идеја за зголемување на платите и доколку постои волја во Собранието за негово потпишување, како институција ќе учествуваат во преговорите.

-МОН и министерот Јетон Шаќири ја поддржуваат секоја идеја за зголемување на платите на вработените во образовните институции без разлика дали се во основното, средното или високото образование. Со оглед на тоа што основач на државните универзитети е Собранието, доколку таму постои волја за потпишување колективен договор и со другите универзитети, освен со УКИМ, како институција ќе учествуваме во преговорите, затоа што наставно – научниот кадар заслужува повисоки плати, потенцираат од МОН.

Членовите на синдикатите на петте државни универзитети „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св. Апостол Павле“ и „Мајка Тереза“ во Скопје на денешниот мирен протест побараа потпишување на колективен договор на петте јавни универзитети и изедначување на правата, обврските и одговорностите со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

Тие го поздравија потпишувањето и спроведувањето на колективниот договор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, но истовремено укажаа на нееднаквиот статус на останатите пет јавни универзитети во земјата. Сметаат дека се игнорирани и дискриминирани од Владата и Собранието во однос на УКИМ, чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто.

Tags: МитрескиМОНУниверзитети
Next Post

Бојмацалиев: Внатрешна контрола истражува зошто граѓаните не можат да ги подигнат готовите пасоши

Најново

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

Маск на суд против OpenAI: Бара 130 милијарди долари отштета и предупредува на „Терминатор сценарио

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk