ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Антолог“ со нови наслови од книжевна класика по повод 25 години постоење

Издавачката куќа „Антолог“ соопшти дека во чест на одбележување на 25 години од нивното постоење, целата година ќе биде во знакот на класичните дела од светската и од домашната литература, а во март ќе бидат објавени неколку наслови од епохални автори кои извршија формативно влијание на своите книжевни следбеници.

March 5, 2024 21:51
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Издавачката куќа „Антолог“ соопшти дека во чест на одбележување на 25 години од нивното постоење, целата година ќе биде во знакот на класичните дела од светската и од домашната литература, а во март ќе бидат објавени неколку наслови од епохални автори кои извршија формативно влијание на своите книжевни следбеници.

Од „Антолог“ потенцираат дека првата книга од годинашната кампања е „Мостот на Дрина“ од Иво Андриќ, во нов превод од српски на Томе Сиљаноски. Проектот е реализиран во соработка со „Здружението Иво Андриќ“ од Србија, кое е основано според последната желба на авторот целата негова оставина „да се сочува како целост“ и како легат да се чува за општествени и хуманитарни потреби.

-Тргнувајќи од високите идеали на единствениот добитник на Нобеловата награда за литература од просторите на поранешна Југославија се решивме да направиме автентичен превод кој целосно кореспондира со јазикот и стилот на оригиналот.

Иако на книжевниот пазар се достапни повеќе различни и нелиценцирани изданија на македонски јазик на делата на Иво Андриќ и на Меша Селимовиќ, „Антолог“ објавува дека од неодамна ги има единствените права за превод и дистрибуција на сите дела од овие двајца автори во земјава.

– Од основањето до денес постојано се трудиме најголем простор во нашата издавачка понуда да им отстапиме на класиците создадени како од претходниците така и од современиците. Така што, денес можеме да се пофалиме дека е објавен на македонски голем дел од творештвото на Франц Кафка, Станислав Лем, Меша Селимовиќ, Артур Конан Дојл… Во текот на годините внимателно ги одбиравме и преведувачите, кои не се анонимуси туку се познати професионалци со долгогодишно искуство. Овие дела секогаш ги преведувавме од изворниот јазик, бидејќи забележавме дека дел од преводите што веќе со децении циркулираат меѓу публиката се анахрони или се преведени преку посредни јазици, пред сè од соседството, соопштија од „Антолог“.

Како што потенцираат, на сличен минуциозен начин досега биле објавени и делата на Итало Калвино, Труман Капоти, Џорџ Орвел, Хулио Кортасар, Х. Л. Борхес, Жорже Амадо, Блаже Конески, итн., а списокот во следниот период ќе биде надополнет и со книги на Ацо Шопов, Фјодор М. Достоевски, Николај В. Гогољ, Иво Андриќ, Антон П. Чехов и други.

Од „Антолог“ информираат дека освен книгите на светските класици, наскоро од печат ќе излезе и ексклузивното издание „Автопортрет со седум прсти“ од Ацо Шопов со поднаслов „влог во современата македонска културна историографија“, а под редакција и со предговор на Јасмина Шопова.

-Сите бесценети дела што ќе бидат објавени во текот на 2024 година се наша иницијатива и се самостојно реализирани како прилог на „Антолог“ кон македонската културна еволуција. Сметаме дека со ова општо добро ќе оставиме траен залог за сегашните и идните генерации, се вели во соопштението на издавачката куќа.

Next Post

Според Си-Би-Ес, Бајден и Трамп победија на државните прелиминарни избори што се одржаа во „Супер вторник“

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk