РИБАРО
Во неодамнешно гостување на подкаст на ТВ Сител, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ѝ откри на јавноста како успеал да се збогати.
Екипата на АХА го праша Мицкоски, дали неговиот план да ја внесе Македонија во ЕУ, е „онака некако“ како што успеал преку тргување на берза со вложени 1000 да добие 30.000 евра. Тој за АХА потврди дека „така некако“ ќе нè внесел и во ЕУ.
„Така некако! Не можам сега сè да ви откривам. Деталите се мојот адут! Јас сум многу вешт шпекулант. Го докажав тоа уште во мојата најрана младост. Како што успеав на берза да се збогатам, така ќе успеам да ја внесам Македонија во ЕУ. Со берзанско мешетарење сè е можно. Потоа тоа „така некако“ го потврдив и со моето вработување како асистент кај татко ми, а „така некако“ успеав да станам и сопственик на хидроцентралите. Нели, „така некако“ станав и претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна годро Мицкоски.
Мицкоски за тоа дали мешетаречките вештини му се искуство и наследство што го добил од Груевски. кратко ни одговори:
– Така некако!
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK