ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шкријељ: Треба да се зајакнат превентивните програми и постапувањата на стручните служби во училиштата

March 6, 2024 14:07
in PMD, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ

Зборувајќи за врсничкото насилство пратеничката Санела Шкријељ во интервју за Слободен печат посочи дека новите времиња ги тераат младите се повеќе време да минуваат на социјалните мрежи и дека во овој момент недостига механизам на контрола и насока за тоа што младите всушност гледаат на нивните телефони.

„Имаше едно истржување кое покажа дека 98% од младите на возраст од 15-24 години секојдневно поминуваат време на социјалните мрежи со нивните телефони. Навистина тој развој на технологијата нуди многу позитивни аспекти, но факт е дека ние немаме развиен систем како тоа да се контролира и да се насочат младите што гледаат и она што значи медиумска писменост, а знаеме дека на ниво на Европа безмалку сме на дното по медиумска писменост“ посочи Шкријељ.

Таа додаде дека и возрасните и целиот општествен амбиент имаат одговорност за зголеменото насилство меѓу младите и меѓу врсниците.

„Во оваа ера на ширење на информации, на лажни вести, но и ширење на наративи од нас, возрасните, агресијата во општеството што на секој начин се пласира, и тоа како има влијание. Јас тргнувам од нас пратениците. Што можете вие да видите од Собранието? Се и сешто, од вербална агресија до кршење на инвентар, па имавме и обид за физичка ликвидација на пратеници во Собранието. Кога младите луѓе растат опкружени со такви наративи и такви слики и без да имаме осуда, туку имаме нормализирање на агресивноста , ние не можеме да очекуваме поинаков исход. Она што недостига и мора да се направи во образованието е јакнење на тие превентивни програми и јакнење на постапувањето на стручните служби во училиштата“ порача Шкријељ.

Tags: младиСанела Шкријељ
Next Post
Марија Костадинова - пратеничка од СДСМ / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Костадиновска: Добро е што жените жртви на насилство се охрабруваат и истото го пријавуваат

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk