ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Граѓаните гледаат дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо се нема променето

March 9, 2024 12:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Јас веќе имам планови за следниот мандат во Министерството за одбрана и продолжување на модернизација на Армијата, изјави министерката Славјанка Петровска во поткастот „Политиканти“ запрашана за нејзините очекувања од претстојните избори.

Прашана за коментар за анкетите што се пласираат во јавноста, Петровска кажа дека тие служат како индикатор за тоа какво е расположението за одредени работи, но истите се и можност, со правилна стратегија да се направи едно мало потсетување за тоа што е направено и уште поважно, што ќе бидат идните проекти.

„Имам доста што да кажеме за се она што досега е направено во државата, со сите маани, пропусти и слабостите кои се детектирани и секој од нас ги знае, така што пристапот што ќе го имаме во кампањата кон граѓаните ќе биде целосно транспарентен и очекувам граѓаните да ги видат споредбите и да се водат од она: не не слушајте нас политичарите што зборуваме, гледајте што правиме. Тоа важи за ВМРО-ДПМНЕ, која ќе треба да го каже планот и на дело ќе потврди дека навистина е за ЕУ и продолжување на интеграцијата. Моја претпоставка е дека граѓаните ќе се потсетат што се случувало и дека ќе видат дека во опозицијата ништо не е променето“, посочи Петровска.

Запрашана за настапот на изборите на нејзината партија СДСМ и дали таа ќе се најде на некое од носителските позиции, Петровска кажа дека за тоа се уште се разговара, но дека засега, нема конечна одлука.

„Официјално немаме одлука за настапот на изборите, но се поголема е веројатноста и се поизвесно е дека ќе настапиме со нашата досегашна коалиција. Во однос на листите, разговарано е во партијата и еден од предлозите е јас да бидам носителка во некоја од изборните единици, но мене ќе ми биде чест, без разлика на која позиција да бидам, да учествувам на изборите како претставник на СДСМ“, нагласи Петровска.

Tags: ВМРО-ДПМНЕизбориСлавјанка Петровска
Next Post

Вучиќ го најави можниот датум за изборите во Белград

НАЈНОВО

Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk