„Опенхајмер“ на Кристофер Нолан, вознемирувачки поглед на зората на атомската ера, доминираше на годинешното 96. доделување на Оскарите, освојувајќи седум награди, меѓу кои и за најдобар филм и за најдобра режија. Филмот, кој доби дополнителна резонанца во време на меѓународен конфликт, доби и Оскар за главната машка улога – Kилијан Марфи како Џеј Роберт Опенхајмер и за најдобра споредна машка улога – Роберт Дауни Џуниор како одмаздољубив бирократ.
Седум години по победата за „Ла Ла Ленд“, Ема Стоун го доби својот втор Оскар за најдобра актерка во филмот „Poor Things“.
Давин Џој Рендолф го доби Оскарот за најдобрата споредна женска улога во извонредната драма „The Holdovers“.
Били Ајлиш влезе во историјата, станувајќи најмладата двократна добитничка на Оскар на 22-годишна возраст, откако ја освои наградата за најдобрата песна за нејзината балада „Барби“ „What Was I Made For?“ Таа ја напиша песната заедно со нејзиниот брат, Финес О’Конел – парот што претходно освои Оскар за филмот со Џејмс Бонд „No Time to Die“ од 2021 година.
Оскар за најдобар документарен филм доби украинскиот филм „20 денови во Мариупол“ во режија на украинскиот новинар Мстислав Чернов. Документарецот ја снима руската опсада на Мариупол во Доњецката област од перспектива на Чернов и неговата екипа во текот на првите недели од целосната инвазија. Тоа е првиот украински филм снимен од украински режисер кој некогаш добил Оскар. Чернов го призна овој значаен момент во украинската кинематографија и рече дека е почестен, но и дека посакува никогаш да не морал да ги документира борбите во Мариупол. „Посакувам никогаш да не го снимав овој филм“, рече тој.
Неколку Блокови подалеку од црвениот тепих на Оскарите, неколку стотици демонстранти повикаа на прекин на огнот на израелската војна во Газа, додека победниците ги користеа своите говори за да ја осудат хуманитарната криза во тој регион заедно со онаа предизвикана од руската инвазија на Украина. Пропалестинските демонстрации во срцето на Холивуд го заглавија сообраќајот околу Долби театарот, местото каде што се одржуваат Оскарите, што резултираше со задоцнет почеток на церемонијата.
Комплетната листа на победници на Оскарите:
Најдобар филм: American Fiction, Anatomy of a Fall, Barbie, The Holdovers, Killers of the Flower Moon, Maestro, ПОБЕДНИК Oppenheimer, Past Lives, Poor Things, The Zone of Interest
Најдобар режисер: Jonathan Glazer, (The Zone of Interest), Yorgos Lanthimos, (Poor Things), ПОБЕДНИК Christopher Nolan, (Oppenheimer), Martin Scorsese, (Killers of the Flower Moon), Justine Triet, (Anatomy of a Fall)
Најдобра актерка: Annette Bening, (Nyad), Lily Gladstone, (Killers of the Flower Moon), Sandra Hüller, (Anatomy of a Fall), Carey Mulligan, (Maestro), ПОБЕДНИК Emma Stone, (Poor Things)
Најдобар актер: Bradley Cooper, (Maestro), Colman Domingo, (Rustin), Paul Giamatti, (The Holdovers), ПОБЕДНИК Cillian Murphy, (Oppenheimer), Jeffrey Wright, (American Fiction)
Најдобра споредна улога на актерка: Emily Blunt, (Oppenheimer), Danielle Brooks, (The Color Purple), America Ferrera, (Barbie), Jodie Foster, (Nyad), ПОБЕДНИК Da’Vine Joy Randolph, (The Holdovers)
Најдобара споредна улога на актер: Sterling K. Brown, (American Fiction), Robert De Niro, (Killers of the Flower Moon), ПОБЕДНИК Robert Downey Jr., (Oppenheimer), Ryan Gosling, (Barbie), Mark Ruffalo, (Poor Things)
Најдобро оригинално сценарио: ПОБЕДНИК Justine Triet and Arthur Harari, (Anatomy of a Fall), David Hemingson, (The Holdovers), Bradley Cooper and Josh Singer, (Maestro), Samy Burch, (May December), Celine Song, (Past Lives)
Најдобро адаптирано сценарио: ПОБЕДНИК Cord Jefferson, (American Fiction), Greta Gerwig and Noah Baumbach, (Barbie), Tony McNamara, (Poor Things), Christopher Nolan, (Oppenheimer), Jonathan Glazer, (The Zone of Interest)
Најдобар меѓународен филм: Io Capitano, Italy, Perfect Days, Japan, Society of the Snow, Spain, The Teacher’s Lounge, Germany, ПОБЕДНИК The Zone of Interest, United Kingdom
Најдобар анимиран филм: ПОБЕДНИК The Boy and the Heron, Elemental, Nimona, Robot Dreams, Spider-Man: Across the Spider-Verse
Најдобар документарен филм: Bobi Wine: The People’s President, The Eternal Memory, Four Daughters, To Kill a Tiger, ПОБЕДНИК 20 Days in Mariupol
Најдобра кинематографија: El Conde, Killers of the Flower Moon, Maestro, ПОБЕДНИК Oppenheimer, Poor Things
Најдобра монтажа: Anatomy of a Fall, The Holdovers, Killers of the Flower Moon, ПОБЕДНИК Oppenheimer, Poor Things
Најдобар дизајн за костими: Barbie, Killers of the Flower Moon, Napoleon, Oppenheimer, ПОБЕДНИК Poor Things
Најдобра шминка: Golda, Maestro, Oppenheimer, ПОБЕДНИК Poor Things, Society of the Snow
Најдобар звук: The Creator, Maestro, Mission: Impossible—Dead Reckoning Part One, Oppenheimer, ПОБЕДНИК The Zone of Interest
Најдобри визуелни ефекти: The Creator, ПОБЕДНИК Godzilla Minus One, Guardians of the Galaxy Vol. 3, Mission: Impossible—Dead Reckoning Part One, Napoleon
Најдобра продукција на дизајн: Barbie, Killers of the Flower Moon, Napoleon, Oppenheimer, ПОБЕДНИК Poor Things
Најдобра оригинална песна: ПОБЕДНИК “What Was I Made For?”, Billie Eilish & Finneas, (Barbie), “I’m Just Ken”, Mark Ronson & Andrew Wyatt, (Barbie), “The Fire Inside”, Diane Warren, (Flamin’ Hot), “It Never Went Away,” Jon Batiste, (American Symphony), “Wahzhazhe – A Song for My People”, Osage Tribal Singers, (Killers of the Flower Moon)
Најдобра оригинална музика: American Fiction, Indiana Jones and the Dial of Destiny, Killers of the Flower Moon, ПОБЕДНИК Oppenheimer, Poor Things
Најдобрар краток анимиран филм: Letter to a Pig, Ninety-Five Senses, Our Uniform, Pachyderme, ПОБЕДНИК War Is Over! Inspired by the Music of John & Yoko
Најдобар краток документарец: The ABCs of Book Banning, The Barber of Little Rock, Island in Between, ПОБЕДНИК The Last Repair Shop, Nai Nai & Wai Po.
Подготви: Ј. Ѓ.