ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заштитата на новинарите, странското влијание, Украина и Газа меѓу темите на сесијата на ЕП

March 11, 2024 13:36
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Заштитата на новинарите, борбата против странското влијание, надворешната политика и безбедноста на ЕУ, законот за вештачка интелигенција и енергетската ефикасност во градежништвото се меѓу точките на дневен ред на пленарното заседание на Европскиот парламент што започнува попладнево во Стразбур.

Овонеделната сесија на Европарламентот ќе стартува со дебата по Директивата за енергетска ефикасност на зградите, со која се предвидува намалување на потрошувачката на енергија, редукција на емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина во градежништвото и негова трансформација во климатски неутрален сектор до 2050 година. Европратениците по оваа директива, како и за новата регулатива за намалување на загадувањето на воздухот, водата и почвата од индустриските инсталации и големите сточарски фарми ќе гласаат утре, за кога е предвидена и дебата за Предлог-законот за слобода на медиумите. Станува збор за нова регулатива за заштита на новинарите во ЕУ од растечките закани по слободата на медиумите и обезбедување пристап до уредувачки независни медиумски содржини од страна на. Гласање по Предлог-законот за слобода на медиумите е најавено за в среда.

Утрешното продолжение на заседанието на ЕП ќе започне со дебата на европратениците со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претставници на белгиското претседателство посветено на претстојниот Самит на ЕУ, закажан за 21 и 22 март, посветен на надворешно политички и безбедносни прашање. Во тој контекст европратениците ќе ги изложат своите ставови за најновиот развој на настаните со руската агресија врз Украина и со конфликтот во Појасот Газа, како и за прашања поврзани со европската безбедност и одбраната.

Утре на дневниот ред е и расправата по прашањето за борбата против странско мешање, за време на која европратениците ќе дебатираат со потпретседателката на Европската комисија за вредност и транспарентност Вера Јоурова за подготвеноста на ЕУ и на земјите членки справување со мешањата и влијанијата од странство, вклучително и од Русија.

Европратениците утре ќе дебатираат и по Предлог-законот за вештачка интелигенција, кој има за цел да се обезбедени нејзина доверливост, безбедност и почитување на основните права на ЕУ, истовремено поддржувајќи ги иновациите и правејќи ја Европа лидер во областа. Гласањето по законскиот предлог е предвидено за в среда.

Исто така, в среда европратениците ќе дебатираат и ќе гласаат за новите правила за намалување на емисиите на штетни гасови во патниот сообраќај од страна на автомобили, комбиња, автобуси, камиони и приколки, а ќе се изјаснат и за предложениот став на Европарламентот во однос на новите цели за намалување на отпадот од храна и текстил низ ЕУ, со кој, меѓу другото се бара трошоците за собирање, селектирање и рециклирање на отпадниот текстил да ги покријат производителите.

Во рамки на продолжението на овонеделното заседание, в среда пред Европскиот парламент ќе говори финскиот премиер Петри Орпо, кој ќе ја изложи својата визија за предизвиците и иднината на Европа, по што ќе следи негова дебата со европратениците.

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, утре пред пратениците ќе се обратат шпанските фудбалерки Ивана Андрес и Алба Редондо, чија репрезентација го освои Светското првенство во фудбал за жени во 2023 година.

На маргините на заседанието, Прес-службата на ЕП утре ќе одржи семинар за новинарите на тема „Заштита на демократијата: Улогата на медиумите на европските избори во 2024 година“, на кој ќе се разговара за заштитата на демократскиот простор, борбата против дезинформациите, кибер безбедноста, како и за процесот на европските избори.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕПновинарисесија
Next Post

Знамето на Шведска кренато пред седиштето на НАТО

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk