ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Еуроактив: Се очекува ЕК да препорача почеток на преговорите за БиХ

March 12, 2024 09:49
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН

Советот на министри на Босна и Херцеговина на денешната седница треба да расправа за новиот Предлог-закон за Судот на БиХ, што е еден од условите за добивање зелено светло за отворање на преговорите со ЕУ, а европскиот портал Еуроактив пишува дека се очекува Европската комисија да препорача почеток на преговорите.

Во декември 2022 година ЕУ ѝ додели кандидатски статус на БиХ, откако земјата од 2003 година беше кандидат за членство, а своето барање го поднесе во февруари 2016 година.

Лидерите на ЕУ на самитот во декември соопштија дека ќе ги отворат пристапните преговори со БиХ „кога ќе се исполни неопходното ниво на усогласеност со критериумите за членство“.

Тие потоа ја поканија Европската комисија да поднесе извештај до Европскиот совет за напредокот на БиХ најдоцна до овој месец.

Еурактив посочува дека одлуката ќе биде „голема победа за Босна и Херцеговина, кревка земја составена од два ентитета – Република Српска и Муслиманско-хрватската федерација поврзани со слабите власти на ниво на Босна и Херцеговина во Сараево“.

Се очекува Комисијата да презентира писмен извештај за БиХ, додека усната оценка се очекува за Украина и Молдавија до крајот на месецот.

„БиХ ќе им се придружи на Србија, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија, Украина и Молдавија, кои се во различни фази на нивниот пат кон членство во ЕУ“, наведува Еуроактив.

Имајќи предвид дека за почеток на формалните преговори се уште е потребна едногласна одлука на членките на ЕУ, европските лидери се очекува да разговараат за препораката за БиХ за време на редовниот самит во Брисел следната недела.

Tags: БиХЕуроактивпочетокпреговорипрепорака
Next Post

Бродот со хуманитарна помош за Газа отплови од Кипар

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk