ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Кемал Ататурк – мост на вечно македонско-турско пријателство

March 13, 2024 13:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Времето на Кемал Ататурк поминато во Битола постави основи за оформување на неговата космополитска интелектуална свест која подоцна освои нови хоризонти и перспективи истакна генерал мајор Азир Нуредин, на денешното одбележување на 125-годишнината од дипломирањето на Ататурк во битолската Воена Гимназија.

Според Нуредин, заменик-началник на Генераштабот на Армијата на Република Северна Македонија, Ататурк во Битола се здоби со основните воени вештини и највисоки вредности, создаде нераскинливи врски и изгради мост на вечно пријателство меѓу Република Северна Македонија и Република Турција.

-Во оваа прилика ја истакнувам одличната соработка во сферата на одбраната меѓу нашите две пријателски земји, која почна во 1994 година со упатување на старешински кадар во престижните турски едукативни центри и е во континуитет. Република Турција како наш стратешки партнер перманентно и помага на Република Северна Македонија придонесувајќи во процесот на нејзина модернизација и интероперабилност на армиите во НАТО алијансата, нагласи Нуредин.

Военото аташе на Република Турција во Скопје, полковник Реџаи Јилмаз, на денешната свеченост истакна дека градот Битола во времето на Ататурк, беше еден од најважните стратешки региони на Балканот и е со длабоко вкоренета историја.

– Времето на Ататурк во Битола е напишано со златни букви во нашата епопеја затоа што се однесува за голем државник и интелектуалец. Основачот на модерна Турција е основач на врските меѓу двете држави кои се темелат на взаемна култура, историја, почитување и соработка, рече меѓудругото полковник Реџаи Јилмаз.

Во рамки на свеченоста, ученици од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од селото Канатларци читаа поезија, а според востановената традиција, гостите од двете држави положија цвеќе пред спомен бистата на Ататурк во битолскиот Музеј.

Next Post

Шкријељ: Грижа за јазикот, историјата и наследството со дела!

НАЈНОВО

Лувр затвори дел од музејот поради нестабилен под

November 18, 2025
Фото: Официјална Фејсбук-страница на британската Кралска ковница

Кралска чест за легендата: Британската ковница издаде монета со ликот на Фреди Меркјури

November 18, 2025
Скриншот

Технички дефект во Cloudflare: Делови од светската мрежа не работат или имаат чести прекини

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk