ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во Кинотека започнува Неделата на франкофонски филм

March 13, 2024 12:52
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на Швајцарија, Романија, Белгија, Албанија, Амбасадата Бугарија и Бугарскиот културно-информативен центар, Амбасадата на Грција и Кинотеката на Северна Македонија, и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм во знак на одбележување на месецот на Франкофонијата.

Официјалното отворање на Неделата на франкофонскиот филм е в петок, 15 март 2024 год., во 20 часот, во Кинотеката на Северна Македонија, со проекцијата на швајцарскиот филм „Блех-музика“, на режисерот Франсоа-Кристоф Марзал, од 2019 година.

Настанот официјално и со пригодни говори ќе го отворат: Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција и Н.Е. г-ѓа Вероник Хулман, Амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија.
По проекцијата на филмот, ќе следува посета на изложбата на македонската уметница Јана Манева-Чупоска и коктел.

Останатите проекции во рамките на Неделата на франкофонскиот филм се:

Сабота 16 март 2024, 18:00 часот: Проекција на бугарскиот филм „Бескрајна градина” на Галин Стоев (2017)

Сабота 16 март 2024, 20:00 часот: Проекција на романскиот филм „Слобода” на Тудор Гиуригу (2023)

Понеделник 18 март 2024, 20:00 часот: Проекција на албанскиот филм „Делегација” на Бујар Алимани (2018)

Вторник 19 март 2024, 20:00 часот: Проекција на македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот” на Теона Стругар Митевска (2022)

Среда 20 март 2024, 20:00 часот: Проекција на францускиот филм „Дивертименто” на Мари-Кастиј Мартијон-Шар (2023)

Четврток 21 март 2024, 20 часот: Проекција на белгискиот филм „Љубезните” на режисерот Оливије Ранже (2022, 1h55)

Петок 22 март 2024, 20:00 часот: Затворање на филмската недела со грчкиот филм „Ефтихија” на режисерот Ангелос Францис (2019)

Сите филмови се со превод на македонски јазик, а за филмовите од нефранкофонско говорно подрачје обезбеден е и превод на француски јазик.

Влезници за проекциите се резервираат и се подигнуваат во Кинотеката.

На следниот линк https://bitly.ws/3fyo4 се наоѓаат подетални информации за филмовите, а во прилог ќе пронајдете покана за манифестацијата и илустрација.

 

Tags: КинотекаНедела на франкофонски филм
Next Post

Властите во Варшава ќе одвојат 27,3 милиони евра за засолништа за бомби и други безбедносни мерки

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk