ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Фронтот за Европа“, Али Ахмети: Големите работи не се прават сами!

March 19, 2024 13:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Али Ахмети

Али Ахмети

Share on FacebookShare on Twitter

Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Движењето ПОПУЛИ (НАРОДОТ) потпишаа коалициски договор за парламентарните избори 2024 година.

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети по потпишувањето на договорот, најави дека во наредните денови ќе биде потпишан договор и со други политички партии со кои продолжуваат преговорите за приклучување кон „Фронтот за Европа“.

– Големите работи не се прават сами. Зошто овој фронт треба да биде изграден во 2024 година? Затоа што овие се времиња во кои се бара ова обединување, бидејќи работите во глобалната политика одат наопаку. Немаме ништо против другите политички партии, но тие немаат капацитет да се соочат со овие работи што се случуваат кај нас и околу нас, затоа ова обединување е неопходно, не само од Албанците, туку и од Турците, Бошњаците, Ромите…, рече Ахмети и повика на поддршка за кандидатот на ДУИ, Бујар Османи за претседател на државата.

На 24 април, додаде тој, го поддржуваме нашиот кандидат за претседател Османи.

– Ве повикувам како браќа и сестри за целосна мобилизација затоа што на 24 април имаме референдум, ќе одиме напред или ќе стоиме во место, рече Ахмети.

Претседателот на Движењето ПОПУЛИ, пратеникот Скендер Реџепи Зејд рече дека за него е задоволство да се приклучи на ова проевропско патување, кон подобра иднина и поквалитетна и позначајна политика за сите. Тој истакна дека е направен вистинскиот избор бидејќи се приклучи, како што рече, во „суперлигата“.

– Денес е историски ден за нас, бидејќи денеска се отвора поглавјето на Европскиот фронт. Во ова патување кон европска иднина, иницијатива која ќе биде успешна, бидејќи овој фронт го сочинуваат ДУИ и Движењето ПОПУЛИ. Да не заборавиме дека ДУИ има 22-годишен пат во политиката, учество во владеењето, така што Движењето ПОПУЛИ ќе биде голема помош на овие избори со оваа соработка, со суштинска програма за семејството, државата и општеството. Заедно ќе се бориме со негативните појави во општеството, така што Европскиот фронт ќе прави чуда и ќе докаже дека имаме добар капацитет, не само да победиме на изборите, туку се натпреваруваме и во суперлигата, изјави Реџепи.

На Фронтот за Европа на Али Ахмети, според информациите на „Фронтлајн“ се очекува да се приклучат и Алијансата за Албанците – крилото на Зиадин Села, Демократската партија на Албанците на Мендух Тачи, Европската демократска партија на Арјанит Хоџа, додека како што информираше лидерот на ДУИ, Али Ахмети „Фронтот за Европа“ во рамките на коалицијата „Да за Европа, не за Русија!“, разговара да приклучи и партии од Турската зедница, Боѓњачката, Ромската, како и граѓански сектор, интелектуалци итн., со кои разговорите се во тек.

Дестан Јонузи

Tags: Али АхметиДУИЕУПопулиСАДСкендер РеџепиФронт за Европа
Next Post

ОН документираа 26 напади врз жителите на Појасот Газа кои чекаа да добијат хуманитарна помош

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео НАСА на Јутјуб

Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

November 3, 2025

Премиера на театарската претства КОСА: Порои на бес

November 3, 2025

Идентификувани телата на тројца израелски војници вратени од Хамас, меѓу нив и највисоко рангиран офицер

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk