ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ОН документираа 26 напади врз жителите на Појасот Газа кои чекаа да добијат хуманитарна помош

March 19, 2024 13:24
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања документирала 26 напади врз жителите на Појасот Газа кои чекале да добијат хуманитарна помош. Случаите се регистрирани од јануари, а извештајот го објави прес-центарот на светската организација во четвртокот.

ОН не обвинуваат ниту една земја за многуте напади врз луѓето кои чекаат хуманитарна помош.

Израел, кој воведе „тотална блокада“ на Појасот Газа по нападот на 7 октомври од страна на палестинската исламистичка група Хамас, рече дека е посветен на добивање што е можно поголема помош во Газа и го обвини персоналот на ОН и логистиката за доцнење на испораката.

Меѓу случаите документирани од Обединетите нации е нападот во четвртокот вечерта врз стотици Палестинци кои чекаа конвој камиони со помош на кружниот тек Ал Кувајт во градот Газа.

-Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права на окупираните палестински територии изразува жалење за неодамнешниот бран на убиства на луѓе кои чекаа да пристапат до резервите за помош во Газа. Вечерта на 14 март, според Министерството за здравство на Газа, најмалку 20 лица а 155 се повредени откако пукале во толпата собрани да примат хуманитарна помош на кружниот тек на Ал Кувајт, се вели во извештајот на ОН објавен на 14 март.

Во извештајот се додава дека израелските сили негираа вмешаност во овој инцидент и рекоа дека сè уште го истражуваат случајот.

-Од 29 февруари, кога најмалку 118 лица беа убиени на кружниот тек Ал Наболси, отворените извори пријавија најмалку 10 други слични инциденти, во кои луѓето беа убиени или повредени додека чекале да добијат помош на кружните текови Ал Кувајт и Ал Наболси во градот Газа – главните влезови за хуманитарна помош во северниот дел на Газа, се вели во извештајот.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања го повторува својот повик за итен прекин на огнот и крај на нераскажаното страдање на невините цивили во Газа.

-Изборот на израелски методи и средства за водење војна доведе до хуманитарна катастрофа. Во својство на окупаторска сила, Израел има обврска да обезбеди, максимално можно, храна и медицинска нега за населението што одговара на неговите потреби. Доколку не е во можност да ги обезбеди, Израел има обврска да ги олесни активностите за хуманитарна помош, вклучително и со обезбедување на неопходните безбедносни услови за овие активности, се вели во извештајот на канцеларијата на ОН овој месец.

Tags: ГазаИзвештајнападиОНрегистрирани
Next Post

Шолц: На Германија не и треба никакво нуклеарно оружје

Најново

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош, власта го штити

April 21, 2026

Ново откритие на Марс: Роверот на НАСА детектираше органски соединенија во кратерот Језеро

April 21, 2026
Илустрација: No Music for Genocide

Роџер Вотерс, Масив Атак, Питер Габриел и над 1.000 музичари повикаа на бојкот на Евровизија 2026 поради учеството на Израел

April 21, 2026
Фото: Лилјана Алтипармакова, ФБ

Почина Лилјана Алтипармакова, новинарка и уредничка во МРТВ

April 21, 2026
Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk