ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Американска „црна листа“ или „елитата полоша од рајата’

March 20, 2024 08:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Денес најголемата мода, поза и кокета е – поготово пред избори – антикорупциска борба која сите ја поддржуваат. И нормално, тие што ќе бидат „наденати“ на американската „црна листа“. Сè додека е тоа борба во туѓите редови. Кога оди по средина од „нашата корупција“, тогаш се работи за „повисок интерес“.

Едно од основните правила во парламентарната демократија гласи: ако немаш намера да решиш некој проблем, оформуваш комисија, како што нè учеше сер. Винстон Черчил. А вистинските проблеми најчесто се тешко решливи или нерешливи, тоа го знае секој еден што учел психологија за средношколци. Значи, оформуваш комисија, некаков одбор или некоја друга бесмислена група, политичка варијанта од, да речеме, „анонимни алкохоличари“ која, демек, има мандат, и во демократска атмосфера и процедура, ќе решава горливи работи.

Таквото „комисионирање“ најчесто опасно ќе залегне, така што ќе отиде до точка во која никој повеќе нема да се сеќава зошто таа екипа од стручњаци е оформена. На крајот, заради мрза и бахатос, ќе објават дека нивните ставови и заклучоци се непомирливи. Ако некој, пак, навистина запне и побара одговорност за неуспехот, оформуваат нова комисија која ќе ја истражи претходната комисија. И така натаму и така наваму.

Признавам, добар е тоа систем, и за некое чудо беспрекорно функционира. Паметни луѓе велат дека не е совршен, ама подобар нема.

Смешно? Малку удира на смеа. Жижек нè учеше дека работите кои се смешни, всушност кажуваат многу вистинити работи. А ние одиме натаму.

Имено, пред некоја ден, читам, Катица Јанева и Стевчо Јакимовски на американската Црна листа. Прво, си велам, чекај, ајде за Стевчо некако ми има логика, ама што пак Катица Јанева токму сега? Потоа си велам, па, чекај, бре, мајку му стара, зарем Јанева не беше избор на Груевски? Беше. Зарем Јанева не падна во аферата „Рекет“ за некаков скап тросед и некои пишливи 50.000 евра? Потоа си велам, зарем Стевчо Јакимовски не беше едно време во коалиција со најголемите корупционаши и националисти? Беше. И каде се сега овие двајца? Катица е, ако добро сум прочитал, во затвор, а Стевчо, ене го, запенавен, објаснува како заработувал пари со некој Миќо од Драгомирово (или така некоја српска селендра), па објаснува како се мачел да заработи; па објаснува како возел на времето фиќо, па купил „стојадин“, па комбе… Се изнамачил човекот. Од пуста мака животна, тргнува Стевчо со паролата „Не може нам нико ништа јачи смо од судбине“ во кандидатура за претседател на државата.

Солзи ми течат по образите, ако ми верувате, плачам над тешкиот живот и мачната судбина на Стевчо Ј., ама јак е тоа „мештар свих хуља“ (Крлежа), ќе им докаже Стевчо дека е „јачи од судбине“.

Славољубјето, среброљубјето и бескарактерноста се опасни мани на човештвото, ама по сè изгледа дека за ваквите наши судови и обвинителства не претставуваат никаков проблем, корупцијата не ја забрануваат, па, штом обвинителставата ја толерираат, тогаш јас сметам дека не треба да бидат ставени на столбот на страмот или да подлежат на остракизам. Ама, исто така држам и до тоа: режимите кои ги корумпирале и привилегирале овие личности, после самото паѓање треба да одат во „ропотарницата од историјата“. Заедно со нивните водачи на кои им се поклонувале.

Ама гледате, тоа овде не е случај.

Сите гуланфери на Груевски, не само што не се „стрмопиздени“ и отидени во „ропотарницата на историјата“, туку сите се на слобода и активни. Уште и планираат да бидат „легитимна власт“ во земјава. Тие, сите, топтан, родени во национализам, а следствено на тоа и на корупција, изигруваат фактори, на телевизиите се „радо видени гости“, и се закануваат дека ќе дојдат уште и на власт. Се закануваат дека „ако народот одлучи“, нема да биде далеку денот кога „народ ќе размислува што ќе биде дури и со Американската амбасада“ во земјава, а богами и што ќе биде со нивните империјални агенди за „стабилократија“ и „корупција“ на Балканите.

Ова, госпоѓата Агелер би требало да го знае. Ако не го знае, еве ѝ потполно бесплатен совет од мене. А вие останатите „мудро размислете“ што писателот (во обид!) има да ви каже.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: НЕНАД ЈОВАНОВИЌцрна листа САД
Next Post

Почнува пролетта

НАЈНОВО

Пораз за македонските кошаркари на стартот на претквалификациите за СП 2027

August 3, 2025
Скриншот

Ледецки постави рекорд по број на победи на светските првенства

August 3, 2025

На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

August 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сончогледите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова со реакција за преминот на Ралев: „Каприциозните мегаломански очекувања не смеат да ги прегазат принципите“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишко Ралев ‘прелета’ во тимот на Орце Ѓорѓиевски за Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk