ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Техничкиот премиер Талат Џафери, заедно со министерот за образование и наука Јетон Шаќири во посета на ООУ „Тодор Јанев”

March 20, 2024 19:23
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Техничкиот премиер Талат Џафери, заедно со министерот за образование и наука Јетон Шаќири и градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски, денеска го посети ООУ „Тодор Јанев”, каде по претходните бојкотирања е изнајдено соодветно решение за надминување на проблемите околу одвивањето на наставата.

Џафери порача дека наставата тече онака како што е договорено да се спроведе, додека општината и Министерството за образование и наука се во тековна процедура и постапка за решавање на просторните потреби за новоформираното училиште на албански јазик.

–   Со тоа фактички ќе се овозможи од наредната школска година наставата да се изведува во издвоени два посебни, засебни, независни институции – школи коишто сами по себе по статутите и програмите ќе ги изведуваат наставите на соодветниот јазик по коишто се и формирани, изјави Џафери.

Прашан зошто имало потреба децата да се тргнат од тука и да се гради нов објект, Џафери рече дека суштината е во рамки на основачките документи.

– Основачките документи на ова школо откога е формирано како институција во која што наставата ќе се одвива на македонски јазик. Така е и статутот, така е и основачкиот документ. Во ситуација до сега бидејќи немало просторни можности децата коишто гравитирале овде, а според Устав и закон имаат право на одбивање и следење настава на свој мајчин јазик, во случајов албанскиот јазик, немале решение друго освен да бидат во еден од објектите привремено, рече Џафери.

Решавањето на проблемот, појасни тој, е компромисно и со родителите и со сите чинители овде дека за сите поцелисходно ќе биде да се формира нов субјект, ново школо.

–  Владата има донесено таква одлука за формирање на субјектот ОУ „Диторија“ во рамки на општина Чашка во кое што школо наставата ќе се одвива на албански јазик. Тоа е решението. Тоа е во доменот на правата и обврските кон децата, граѓаните за да можат да учат настава. Дали ќе учат тука или ќе учат на друго место битно се во рамки на општината во која што живеат и во рамки на она што се просторните можности во смисла на она што е оддалеченоста на школото до децата. Кажав и пак ќе повторам, тоа е во согласност и со родителите коишто децата ќе ги носат во школо таму, изјави Џафери.

Министерот  Шаќири, посочи дека заедно со премиерот Џафери ја посетиле паралелката на албански јазик и друга паралелка во училиштето „Тодор Јанев“.

–  Имавме добра прилика да видиме како децата ги користат и дигиталните уреди што беа поставени во истото училиште во однос на дигиталните материјали што тие ги изработуваат заедно со проектираните учебници, рече Шаќири.

Посочи дека, при денешната посета на општината Чашка, имале можност да ги разгледаат и останатите инвестиции и проекти реализирани во општината.

-Почнавме со учениците од школото „Поп Арсов“ во населеното место Извор, продолживме во Согле. Исто така знаете дека во крајна фаза е и училиштето во Долно Јаболчиште – реконструкција во Горно Јаболчиште и вака со овие проекти ние ќе продолжиме да ја поддржуваме секоја општина која што доставува капитални проекти зошто гледаме како на многу важен клучен елемент за квалитетен образовен процес, изјави Шаќири.

Next Post

Полска ја притиска Германија да ги испрати ракетите „Таурус“ во Украина

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk