ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС

    Комисија за култура на СДСМ: Додека Скопје се гуши во смет, а културата протестира, власта прави ПР со меморандуми

    Револуција во тргувањето: „Робинхуд“ воведува АИ агенти кои самостојно ќе купуваат акции и ќе трошат од кредитните картички

    Околу 40% од пациентите со дијабетес не можат да направат редовни прегледи, СЗДМ бара итно зголемување на термините

    Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да ја земат судбината во свои раце

    Фото: Влада

    Митева најавува: Шпанскиот тенор Хозе Карерас со македонските музички великани дел од прославата за одбележување на 35 години независност на Македонија

    Филипче: Ќе има ветинг за сите функционери од 90-тите до денес

    Фото: Влада

    Мицкоски со честитка за Курбан Бајрам: Различностите се наша сила, а заедништвото наша иднина

    Фото: МИА

    Гаши упати честитка за Курбан Бајрам: Празникот е повик за единство, мир и хармонија

    Сиљановска Давкова со честитка за Курбан Бајрам: Различностите да бидат предност и мост кој обединува

    Честитка на Филипче за Курбан Бајрам: Силата е во хуманоста и подготвеноста заеднички да ги надминеме предизвиците

    Матчуме. Фото: ОФФест

    Африкански ритуали на ОФФест: Мозамбискиот мајстор Мачуме Занго со аудиовизуелен спектакл во МКЦ

    Илустрација Фронтлајн

    Курбан Бајрам: Празник на солидарноста, почитта и хуманоста

    Анаис. Мотив. Скопје

    Дневен хороскоп со Анаис за 27 мај 2026: Интензивна интуиција и суштински решенија

    Започнува проектот „Креативна работа, јавна вредност: Застапување за праведни политики во независниот културен сектор“

    Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    Од 15 јуни М-ТАГ лентите на патарините исклучиво за возила со електронски тагови

    Герасимовски: Најстроги санкции и пријава до Обвинителството по свлечиштето на „Теодосиј Гологанов“

    Билјана Драгиќевиќ Пројковска најдобра актерка, а „Кокошка“ најдобра претстава на PITF во Приштина

    Лукаревска: Новата фискална стратегија не нуди системски реформи, туку должничко ропство

    Трајчулески: Државата е во финансиска агонија, буџетот се распаѓа, Владата турка ново задолжување со кршење на процедурите

  • ПОЛИТИКА

    Николоски и Бутковиќ во Охрид: Решен проблемот со визите за македонските превозници во Хрватска

    Битиќи: Новата Фискална стратегија ги легитимира задолжувањата – за пет години само каматите се 2,74 милијарди евра

    Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

    СДСМ: Обвинителот Савески доби нови задачи од Мицкоски, овој пат на празник

    Мицкоски на свечената академија за Св. Кирил и Методиј: Образованието е штит на државата, трпението за правдата е при крај

    Фото: Кабинет на Претседател

    Претседателката Сиљановска Давкова : Кирил и Методиј се темелот на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ

    Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    Фото: Град Скопје

    Министерството за транспорт со демант до СДСМ: Тендерот за автобуси не е местен, бараме јавно извинување или следи тужба

    Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

    СДСМ обвинува: Тендерот за автобуси пропадна бидејќи бил местен за 12 милиони евра поскапа понуда

  • ФРОНТ
    • All
    • ESPRESSO
    • FRONTACTION
    • ВО ЕДНО
    • ТРИЧКОВСКИ

    Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

    Постои еден човек кој може да го смени светот – учител се вика

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    Седумнаесетти мај 2015 година не се случи сам од себе, не падна од небо

    Дали „кризната состојба“ е механизам за спас или легален бајпас за тендери во четири очи?

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Звукот на привикнувањето

    Македонија е избришана од агендата на ЕУ

    Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Илустрација Фронтлајн

    Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    Мицкоски и Орбан (Фото архива: Фејсбук/Христијан Мицкоски)

    Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

    Охридскиот рамковен договор не е компромис – туку темел

    Наследена болка: Кога децата маршираат за истите права како нивните родители

    Насмевки, ракувања и војна

    Не со децении, Мицкоски може да чека и цел век

    Удобната неутралност и отсуството на смисла за хумор

    БРТ Скопје: Проект на Шилегов и СДСМ што беше блокиран, па „реанимиран“ од ВМРО-ДПМНЕ

  • ОПШТЕСТВО

    24 Мај – Денот кога словото стана идентитет

    Денеска се одбележува 23 Мај – Националниот ден на Власите

    Фото: Собрание на Република Северна Македонија

    Граѓанските организации апелираат: Пратениците да не го поддржат бришењето на невладиниот сектор од Законот за игри на среќа

    Конференција во Скопје: Жените извршуваат над 76% од неплатената работа за грижа, потребна е системска трансформација

    Љутков: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание и поставена нова музејска поставка

    Средба Пешевска – Али: Здравствениот систем клучен во препознавањето на насилството врз жените

    Фото: Ангел Ангеловски

    Мрежа за заштита од дискриминација: Собранието да не легитимира здруженија што шират теории на заговор и морална паника

    НВО сектор: Македонија станува сè поопасно место за жените, системот потфрла по новиот фемицид во Битола

    Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

    Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

    Скопје со активности во знакот на Европа

    Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

    Распишан конкурсот за државната награда „11 Октомври“ за 2026 година

  • СВЕТ
    Генерирано со ВИ

    Што содржи предложениот договор кој би можел да го прекине конфликтот меѓу САД и Иран?

    Кијив 24 мај 2026 година. Фото: (Државна служба за вонредни состојби на Украина/Телеграм)

    Во масивен руски напад со ракети и дронови на Кијив загинаа две лица, повредени се над 80

    САД објавија нова серија тајни документи за НЛО: Пријавени зелени сфери и огнени топки

    Генерирано со ВИ

    ЕУ и САД постигнаа привремен трговски договор до 2029 година

    (ВИДЕО) Маѓар ѝ го прикажа на јавноста владиниот луксуз на Орбан: Декаденција во стилот на Чаушеску

    Убиство во џамија во Сан Диего. Фото Скриншот, Видео Би-Би-Си

    (ВИДЕО) Смртоносен напад во џамија во Сан Диего: Тројца убиени, напаѓачите тинејџери пронајдени мртви

    (ВИДЕО) Инциденти и тензии во Пекинг: Повредена службеничка и спор со Тајната служба за време на посетата на Трамп

    ФАО: Итни инвестиции и солидарност се неопходни за спас на агро-прехранбените системи од климатските и геополитичките кризи

    Фото: илустрација Фронтлајн

    Трамп во посета на Кина: Пет клучни прашања на маса со Си Џинпинг

  • ЕКОНОМИЈА
    • All
    • БИЗНИС

    Филипче: Буџетот е пред колапс, нема пари за поголеми плати, пензии, нема за мерки

    Поништена e јавната набавка на 150 електрични автобуси и 75 електрични полначи

    Мицкоски: Македонија обезбеди најмногу средства во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст

    Мицкоски на јубилејот на „Костал“ во Охрид: Компанијата е приказна за успех и двигател на македонската економија

    ЕУ додели нови 65,7 милиони евра за реформи во Македонија, Филипче обвинува за изгубени 200 милиони

    НИКОЛОСКИ: Следната година се пушта една лента од Прилеп-Битола, „Левица“ штити сопственици на вили кои може да ја чинат државата 100 милиони евра

    „Лидл“ најавува нови вработувања и ги открива досегашните инвестиции: Извозот на македонски производи лани достигнал 15,5 милиони евра преку нивната мрежа

    ВЛЕН: Обезбедени 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и индустријата

    Мицкоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до првиот квартал на 2027, инвестирани се повеќе од една милијарда евра

    Битиќи: За две години јавниот долг е зголемен за 2,5 милијарди евра

    АСОМ бара итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа преку ноќ

    Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

    Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза

    Фото: Министерство за транспорт

    Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА

    Почнува продажбата на билети за јубилејниот МТФ „Војдан Чернодрински“: „Театар Комедија“ го откажа учеството

    Раул и Марија. Фото: ОФФест

    Медитеранска авангарда на ОФФест 2026: Иновативниот Раул Рефри и волшебниот глас на Марија Мазота доаѓаат во Скопје

    (ВИДЕО) Емотивна музичка посвета за Прилеп: Промовирана „Серенада за Прилеп“ од Блага, Дац и Александар

    Нилс Окланд. Фото: ОФФест

    Скандинавска мистика на ОФФест: Норвешките виртуози Нилс Окланд и Сигбјорн Апеланд доаѓаат во Скопје

    Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото

  • СПОРТ

    Крај на една златна ера на „Енфилд“: Мохамед Салах и Енди Робертсон се збогуваа од навивачите на Ливерпул

    (ВИДЕО) Усик едвај избегна сензационален пораз од поранешниот кикбоксер Рико Верхувен

    ​„27+1“ Португалија не го заборави Диого Жота: Трагично загинатиот фудбалер е симболичниот патник на Мундијалот

    Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Пеп Гвардиола откри зошто го напушта Манчестер Сити по 10 години: „Задоволен, среќен и горд“

    (ВИДЕО) Шок во Англија: Тухел го објави списокот за Светското првенство, нема неколку фудбалски ѕвезди

    Канада го пречекува светот: ФИФА Светско првенство 2026

    Илустрација Фронтлајн

    Земјотрес во европскиот фудбал: Мурињо се враќа во Реал Мадрид, Гвардиола го напушта Манчестер Сити?

    Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

Home ФРОНТ

(ФЕЉТОН четврт дел) Пат околу Македонската филхармонија за 80 години – Скопските филхармоничари ја преминаа југословенската граница

March 23, 2024 09:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ФРОНТ
Фото: Скенирано од архивата на Филхармонија

Share on FacebookShare on Twitter

ПРВ ДЕЛ | ВТОР ДЕЛ | ТРЕТ ДЕЛ

ТИНА ИВАНОВА

Улогата на маестро Ванчо Чавдарски

Нема да се заборави, со генерации нанапред, ниту името на познатиот македонски диригент Ванчо Чавдарски (1930 – 2011), кој ќе застане на чело на Македонската филхармонија во 1965 година. Неговото име е врзано и за голем број концерти на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, кој ќе има успеси и надвор од главниот град, но кој, за жал, во целокупното постоење на Филхармонијата, тој нема да има континуирана присутност во нашиот културен живот. Сепак, Чавдарски како уште еден од оние големи уметници, големи во секоја смисла на зборот, кој ќе придонесе за брзиот развој на македонската музичка култура воопшто, не само за растежот на Македонската филхармонија, ќе успее да го подигне нивото на музицирање и секако да придонесе и во квантитетот на работата на Камерниот оркестар на Филхармонијата. Незаборавната мисија на Чавдарски во своите записи ја потврдува и музичкиот критичар Владо Чучков: „Денес кога незапирливо доаѓаат нови генерации, што ги преземаат пораките и обврските од постарите колеги и пријатели, секако е неопходно да се спомене и името на Ванчо Чавдарски, кој го продолжува континуитетот, односно делото што го постигна и реализира Тодор Скаловски“. („20 години Филхармонија на СРМ, 1944 – 1964“)

Името на маестро Чавдарски, кого музикологот Бојан Ортаков ќе го нарече „Македонскиот Одисеј“ во еден напис за „Утрински весник“ (12.3.2010), се споменува за многу крупни настани во македонскиот музички етер. Во еден мандат, од 1965 до 1970 година, тој ќе биде директор на Македонската филхармонија, но и диригент во Операта на Македонскиот народен театар (1960 – 1970). По неговата македонска мисија, тој ќе замине во Австралија и од 1982 во Белград, како шеф-диригент на Симфонискиот оркестар на РТВ Белград, а во Австралија, Јужна Кореја, Нов Зеланд, Тасманија, ќе биде со постојани ангажмани. Но, редовно ќе се враќа во својата родна грутка, со секогаш силен жар да застане на пултот и пред македонските оркестри. Многубројни критики и осврти сведочат за успесите на Чавдарски, за неговиот нескриен порив со полна пареа да заживее концертниот живот во државата. Музичкиот критичар и композитор Драгослав Ортаков, ќе го претстави тогаш младиот Чавдарски како „необично темпераментен диригент и како музичар со неоспорен талент и висока музикалност“. Во својата рецензија под наслов „Ванчо Чавдарски пред Скопската филхармонија“ (1956/57 година) поместена и во неговата книга „De Musicis“, стр. 13, за првиот настап на Чавдарски со тогаш т.н. Скопска филхармонија, ќе запише и дека „неговиот диригентски гест е широк, силен и јасен“…

Диригент Ванчо Чавдарски (1930 – 2011)

Повозрасните музичари, всушност, особено го паметат периодот од 1965 до 1971 година, кога Камерниот оркестар на Филхармонијата водена од диригентот и тогаш директор на институцијата Ванчо Чавдарски, ќе реализира дури 15 турнеи и гостувања во Франција, Италија, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Јужна и Средна Америка и во поранешниот СССР. Гостувања и турнеи што ретко или никогаш повеќе нема да се повторат. И самиот, за ангажманите и за значењето на Камерниот оркестар, во едно интервју вели: „Тоа беше едно камерно тело што ја формираше не само македонската репродуктивна туку и продуктивната уметност. На секој концерт солисти беа Македонци и секогаш беше застапено по едно дело од македонски автор…“ („Нова Македонија“, 1993, Христо Петрески) Чучков, пак, во една од своите рецензии, ќе потврди: „…Уште во добри сеќавања ни е Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, што под диригентство на Ванчо Чавдарски не само што константно исполнувачки беше присутен, туку добиваше и низа мошне позитивни критики од своите гостувања надвор од нашата Република“. („Вечер“, 1993)

За еден дел од тие патувања, во еден кус новинарски извештај, јасно е укажана огромната мисија на ова оркестарско тело, кое во тоа време ќе ја има најголемата заслуга за афирмација на македонската музичка мисла во европските центри: „…Скопските филхармоничари, по вторпат оваа година, ја преминуваат југословенско-италијанската граница. Во оваа земја тие станаа традиционални гости. Концертните сали постојано се отворени за нив. Меѓутоа, нивниот круг ’пријатели во странство‘ не е само ограничен на Италија. Тие, како ниеден друг оркестар во Југославија, придонесле во Европа да се чуе делото на југословенските продуктивци – посебно од Македонија. Овој оркестар, на своите бројни гостувања во Европа покрај бисерите на светската музичка литература, на програмата ги има делата на Прошев, Николовски, Зографски, Голабовски и другите познати имиња на македонската композиција. Придонесува, преку нивната вонредна интерпретација, да се чујат и нивните дела. Ги доближува до светот. И не е денес ништо чудно кога ќе прочитаме: делото на тој и тој композитор го извел тој и тој оркестар од Европа. Кога тоа ќе го дознаеме, мораме да помислиме оти тоа е заслуга на Камерниот оркестар на Филхармонијата на СРМ. Тој успеа да ја доближи македонската продуктивна и репродуктивна уметност до светот. Во текот на оваа година тие ќе се претстават и пред публиката во Чиле. Тоа ќе биде нов поход кон афирмацијата под едно ново поднебје“. („Вечер“, 1969, Б. Петровски)

Медиумите постојано ќе известуваат за турнеите, ќе се нижат наслови од типот: „Бурни аплаузи во Равена“ или „Два успешни концерти на Македонската филхармонија во Рим“. Со името на Ванчо Чавдарски ќе бидат врзани најголемите и најзначајни успеси на Македонската филхармонија и како нејзин директор.

„Новиот директор на ова еминентно музичко тело – В. Чавдарски, внесува во работата на ансамблот нов творечки ентузијазам, нови простори на дејствување. Неговата грижа особено е евидентна во комплетирањето на спомнатиот оркестар со нови високошколувани кадри, во неговото сè поголемо стабилизирање. Ваквата политика овозможува двата оркестра (симфонискиот и камерниот) да се афирмираат еднакво во земјата и во странство, да израснат во комплетни и мошне квалитетни состави, за чии настапи публиката и посебно музичката критика секогаш ќе има само комплименти… Во својство на директор на Филхармонијата на СРМ и прв нејзин диригент, Ванчо Чавдарски покажува и завидни организаторски способности. Негова заслуга е оркестарот да застане на цврсти нозе, а професионализмот во работата да се зголеми, да добие една нова димензија.“ („25 години Филхармонија на СРМ“)

Значајно е да се спомене уште еднаш, дека во целокупниот ангажман на маестро Чавдарски под ова наше небо, во неговиот репертоар ќе бидат застапени навистина голем број дела од македонските композитори, кои тој ќе ги изведува и на странските подиуми. За тоа, и самиот ќе каже: „Треба да се има предвид дека со секое гостување, со секое настапување на наш музички состав, сеедно каков, надвор од нашата земја, треба да се настапува со програма во која ќе преовладува нашето творештво. Филхармонијата на СРМ тоа редовно го правела и мислам дека таа, со сето нејзино денешно реноме што го ужива во Европа, многу придонесе за афирмацијата на нашето национално музичко творештво…“ („Нова Македонија“, 1969, Ѓ. Поповски)

Маестро Игор Маркевич ќе покаже волја да настапува со Филхармонијата како чин на солидарност по катастрофалниот скопски земјотрес

Катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година ќе значи пресврт и за Македонската филхармонија. Ќе згаснат многу човечки животи, ќе се урнат домови, ќе бидат насликани лоши траги во животите на граѓаните на овој град. Но, земјотресот нема да ги урне идеалите, визиите, стремежите за подобро утро. Горчливиот вкус на животот во тој немил период ќе го почувствуваат и музичарите на Македонската филхармонија. Ќе останат без своите работни простории, но материјалната немоќ ќе ја заменат со за нив најсилната алатка – музиката, со која ќе го бодрат духот на своите сограѓани. Се сеќаваат повозрасните, сведоците, дека Филхармонијата ниту тогаш нема да запре со реализација на концертите. Ќе изнаоѓа разни начини да биде присутна, да го одржи веќе засилениот континуитет на работа. Па, така, концертите ќе бидат одржувани на отворено, или во шаторските импровизирани населби, во логорите сместени во Скопје и неговата околина.

Игор Маркевич

Само во неколку месеци таа траурна година се приредени повеќе од 40-ина концерти, додека од 11 декември, сè до почетокот на наредната година (12 јануари 1964), Филхармонијата ќе оствари голема концертна турнеја низ Југославија со диригентот Ванчо Чавдарски и солистот на флејта, Киро Божиновски. Токму овој период во Македонија доаѓа уште едно големо диригентско име – Игор Маркевич. Овој славен диригент ќе ја предводи Македонската филхармонија на голема турнеја низ Европа, која ќе се одржи од 26 јануари до 12 февруари 1964 година. Маркевич (1912 – 1983), еден од најпознатите диригенти на своето време, роден во Киев, а постојано населен во Швајцарија, самиот ќе покаже волја да настапува со Филхармонијата како чин на солидарност.

За неговиот несебичен влог сведочи и маестро Скаловски. Маркевич, лично, со писмо се обратил до тогашниот директор на Филхармонијата, Тодор Скаловски, и до Кирил Спировски, директор на Концертната агенција на Македонија, во кое се понудил за бесплатно реализирање на турнеја низ Европа, со Македонската филхармонија. „Неговите услови се: да се ангажираат најквалитетни музичари од Југославија, да се комплетира Македонската филхармонија со изведби на оваа турнеја, со изведувачи и со инструменти, бидејќи турнејата се афирмира како општојугословенска манифестација, пред меѓународната јавност… Маркевич бара Тодор Скаловски, лично, да ги изврши сите подготовки околу турнејата, а Ванчо Чавдарски да ја подготви програмата, која, при своето доаѓање, во Охрид, тој ќе ја доусоврши. ’Ако треба да живеам на некое друго место, освен во Швајцарија, би живеел само во Охрид – ми велеше Игор‘, раскажува маестро Скаловски.“ („Тодор Скаловски – живот и дело“, стр. 56)

На 20 јануари таа година, прочуениот Маркевич ќе дојде во Охрид, поради неможноста во Скопје да се одржуваат пробите во постземјотресниот период, а гостувањата на оркестарот ќе се реализираат прво во Белград, па во Софија, Будимпешта, Варшава, Прага, Берлин, Лајпциг, Дрезден, Копенхаген, Милано… Средствата за оваа турнеја ќе ги обезбедат Републичкиот секретаријат за култура, Сојузниот секретаријат за просвета и култура и Комисијата за културни врски. На оваа турнеја, музичарите ќе ги реализираат патувањата со специјални авиони на тогашен ЈАТ, а ќе бидат изведени дела од Бетовен, Дика, Де Фаља, Чајковски, Дворжак. Како што ќе запише диригентот Александар Лековски во „Македонска филхармонија 1944 – 1974“, „беше изведувана подготвена програма со дела од наведените големи композитори, секогаш мошне успешно и впечатливо. За прецизното и континуирано одржување на концертите придонесоа и пилотите на ЈАТ, кои и во неповолни временски услови успеваа безбедно да пристигнуваат во новите градови на турнејата“. Тој ќе додаде и дека „во културната историја на Македонија, почетокот на 1964 година е голем историски миг, бидејќи тоа е првото гостување на Македонската филхармонија во Европа“. За него, оваа турнеја ќе биде добра можност на актот на солидарноста искажан во низа земји кон нашиот град да се одговори со непосредна присутност на македонските филхармоничари во неколку културни центри во земјата и во странство.

„Големиот психофизички напор вложен од колективот на Македонската филхармонија доби полна сатисфакција со уметничкиот успех признат низ европскиот печат, но и низ непосредно заслужените овации од публиката, кои мораа да бидат стивнувани со исполнување ’бис‘ на виртуозното скерцо-марш од Патетичната симфонија на П.И. Чајковски, за да се распламнуваат одново неброено пати“, пишува маестро Лековски. Но, тој додава и дека „до 1964 година македонската култура ѝ беше позната на светската јавност главно преку музичкиот фолклор, еден вид етнолошки аспект на нашата традиција, но оттогаш започна успешното откривање на македонската музичка современост со нејзината неочекувано висока вредност“. Потоа маестро Чавдарски ја продолжува својата благородна и незаборавна мисија во афирмацијата и на двата оркестра – симфонискиот и камерниот, со кои не само што ќе ги оствари успешните гостувања надвор од земјава, туку ќе ја зголеми и концертната продукција на самата институција.

Антијубилејни навраќања

Во годините што следат, сцената на Македонската филхармонија ја збогатуваат низа реномирани диригентски и солистички имиња од земјава и од странство. Првите три-четири децении особено значајно ќе биде присуството на уметници од земјите од поранешна Југославија. Во Скопје, заедно со симфонискиот оркестар, на подиумот ќе застанат Мелита Лорковиќ (пијано), Јелка Станиќ-Крек (виолина), Зденко Марасовиќ (пијано), Људевит Пап (виолина), како и мноштво реномирани уметници од Европа и светот, меѓу нив и пијанистите Алдо Чиколини, Александар Униниски, Никита Магалов, или виолинистите Леонид Коган, Ирина Бочкова, Валериј Климов… Ќе диригираат и многу реномирани уметници, како Тодор Вавајанис, Саша Попов, Карло Цеки, Јаромир Нојел, Кирил Кондрашин, Кристоф Мисона… Филхармонијата значително ќе го прошири репертоарот, а со тоа и стилската ориентација. Композиторот Властимир Николовски ќе запише дека во тоа време, „во Македонската филхармонија беше водена политиката ’да цутат сите цветови‘, кои имаат основно професионално ниво. Тоа беше многу мудра и потребна ориентација. Тоа беше политика што овозможи да се развива фолклорната насоченост, а од друга страна да бидат исполнувани творби што ја немаат оваа нишка. На репертоарот на овој одличен ансамбл беа поставувани творби пишувани со сите техники, вклучувајќи ги и најсовремените: поентилизмот и алеаториката…“ („1944 – 1974 Македонска филхармонија“)

Важно е да се напомене дека раѓањето и развојот на Македонската филхармонија не е значајно само по себе, туку тоа е раѓање и растеж на една цела култура за која ова поднебје, за разлика од западниот свет, дозна многу подоцна. Затоа, поместуваме поголем дел од текстот на познатиот македонски критичар Владо Чучков, напишан по повод тридеценискиот јубилеј на оваа институција, а насловен „Антијубилејни попатни навраќања…“:

„…Сиот овој изминат период на делувањето на Македонската филхармонија, го согледуваме како макотрпен растеж на една култура, специфична култивизација на човечкиот дух и вонреден напор преку еден скок да се надоместат столетијата изгубени за нашата интеграција во западно-музичката култура и музичко-естетската мисла. Ние, ова поднебје, во секој случај периферно како најсеверниот дел на некогашниот Ориент и најјужниот дел на западномузичката естетика, ја немавме својата Готика, бисерните играрии на Скарлати, Моцартовата последна симфониска трилогија, Реквиемот, Бетовеновите концерти за пијано, Франковата де-мол симфонија – огромниот творечки опус на Западна Европа, онаа католичката па и онаа православната, од Глинка до Стравински и од Корнелие Станковиќ до Мокрањац и Стеван Христиќ – беа бела карта, terra incognita на релјефот на нашата музичка култивизација. Беа – само до пред триесетина години – вредности достапни за грст интелектуалци и за неколкумина професионални музичари. Сета таа бесценета ризница на човековиот дух, не постоеше за нас, не допираше до нас, не го облагородуваше нашиот човек, не го воспитуваше посеопфатно и похумано…

Се разбира, кога пишуваме за Македонската филхармонија, не го согледуваме тој колектив во стереотипната поза за фотографирање: низа наредени луѓе со инструменти в рака, со неодредени насмевки, пред нив во романтична поза стои диригентот – овековечен во процесот на инспирацијата! За мене, за нас, тоа се луѓе пораснати заедно со растежот на нашите духовни вредности. Тоа е оркестар што некогаш соочен со музиката на Хајдн беше во положба на штотуку проодено дете, на кое му е доверен воланот на брза, спортска кола. Денес, тие се средовечни уметници што не потклекнуваат ниту пред мошне комплицираните идиоми на Барток, Стравински, Прошев или Лутославски. Тоа се, пред сè, некогашните насмевнати и чедни лица на низата солисти: Киро Божиновски, Киро Давидовски, Ратко Спасовски, Глигорие Гировски и низа други што пораснаа заедно со Филхармонијата, што денес, кога снегот во нивните коси им ја навестува зрелата есен на уметничкиот зенит, можат да го декларираат својот не мал исполнувачки опус реализиран од Скопје до Јужна Америка, од Белград до Италија, и тоа под диригентската палка на низа познати диригенти какви што се: Матачиќ, Севицки, Вангенхајм, Кондрашин, Маркевич… Тоа се и цела плејада македонски музички уметници: Ана Липша-Тофовиќ, Данка Фирфова, Марија Скаловска, Фанка Икономова, Павлина Апостолова, Зина Креља, Георги Божиков, Благоја Николовски, Ладислав Палфи, Снежана Органџиева, Васка Биџова, Ратка Димитрова, Јасмина Чакар, Душка Тасеска… Тоа се младите кои почнуваат: Биљана Гаврилска, Божидар Братоев, Љупка Хаџи-Георгиева, Благоја Димчевски, Стела Слејанска, Валериј Стефановски… Тие немаше да постојат како комплетни уметници без постоењето на Македонската филхармонија. Нивниот творечки и егзистенцијален век несомнено е врзан со постоењето на оваа институција. Без неа тие ќе беа сакати за половина од своето суштество.Тоа се диригентите Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Кирил Спировски, кои ги почнуваа своите први чекори заедно со првите концерти на нашата филхармонија. Тоа се некогашните наши златни диригентски надежи: Ванчо Чавдарски, Фимчо Муратовски, Ангел Шурев, Александар Лековски – денес незаменливи столбови на нашата диригентска репродуктива, и помладите Перо Петровски, Томислав Шопов…“ („1944 – 1974 Македонска филхармонија“).

Фотографии: Скенирани од архивата на Филхармонија.

Продолжува…

(На Frontline.mk, по повод 80 годишниот јубилеј на најстарата културна институција – Македонската филхармонија, кој го одбележува токму оваа 2024, ќе бидат објавувани неколку текстови за нејзиниот историјат, со цел читателите подобро да се запознаат со нејзиното функционирање. Текстовите се преземани од монографијата „70 години Македонска филхармонија“, на авторките Тина Иванова и Роза Нолчева)

Специјално за Првата линија. Дозволено преземање само со писмена дозвола од редакцијата на Фронтлајн.
Tags: Македонска филхармонијаФељтон
Next Post

ИСИС ја презеде одговорноста за нападот во концертната сала во Москва, бројот на загинати се зголемува

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Комисија за култура на СДСМ: Додека Скопје се гуши во смет, а културата протестира, власта прави ПР со меморандуми

May 27, 2026

Револуција во тргувањето: „Робинхуд“ воведува АИ агенти кои самостојно ќе купуваат акции и ќе трошат од кредитните картички

May 27, 2026

Околу 40% од пациентите со дијабетес не можат да направат редовни прегледи, СЗДМ бара итно зголемување на термините

May 27, 2026

Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да ја земат судбината во свои раце

May 27, 2026
Фото: Влада

Митева најавува: Шпанскиот тенор Хозе Карерас со македонските музички великани дел од прославата за одбележување на 35 години независност на Македонија

May 27, 2026

НАЈЧИТАНО

    © 2023 Frontline.mk

    • ЗА НАС
    • ИМПРЕСУМ
    • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
    • МАРКЕТИНГ
    • КОНТАКТ

    No Result
    View All Result
    • ДОМА
    • ДЕНЕС
    • ПОЛИТИКА
    • ФРОНТ
    • ОПШТЕСТВО
    • СВЕТ
    • ЕКОНОМИЈА
    • МАГАЗИН
    • КУЛТУРА
    • СПОРТ
    • ЗА НАС
    • ИМПРЕСУМ
    • КОНТАКТ
    • МАРКЕТИНГ

    © 2023 Frontline.mk