Пишува: ДРАГАН МИШЕВ
Додека сојузничката армија во Втората светска војна се истовараше на бреговите на Нормандија, Хитлер спиеше. На неговите подредени им биле дадени строги наредби да не го будат фирерот од која било причина. Кога Хитлер конечно се разбудил после 11 часот на пладне, по цели 5 часа од почетокот на инвазијата, одбил да прифати дека таа започнала, убеден дека нападот на сојузниците во Нормадија на Денот Д е тактика за пренасочување на вниманието од вистинското место за инвазија.
80 години подоцна, Путин „дебело“ ќе го надмине Хитлер според времето на реакција на еден круцијален настан со далекусежни последици. На Путин му требаа неверојатни 19 часа за да и се обрати на нацијата по терористичкиот напад во концертната сала во Москва, а кога конечно го стори тоа, воопшто не ги спомна ИСИС, кои во меѓувреме ја презедоа одговорноста за нападот, убеден дека зад нападот стои Украина.
Преземено: Цивил Медиа
Текстот е личен став на Авторот.