ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Шукова: Ќе се изработи Закон за заштита на почвите

March 27, 2024 15:50
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

 Во близина на ветропаркот Богословец, светиниколско, денеска со симболично засадување дрвни садници беше најавена подготовката на Законот за заштита на почвата и големата акција за пошумување на значителни површини на екстремни и голи терени во државата.

Активностите, како што соопшти Министерството за животна средина, се спроведуваат во рамки на ГЕФ/УНЕП проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето, преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и обновување на најранливите планински предели подобрувајќи го управувањето со заштитените подрачја“.

Целта е  да се адресираат празнините не само во законодавната и институционалната рамка, туку и да се направат практични теренски напори за запирање и спречување на деградацијата на земјиштето и уништувањето на шумите на ефективен, социјално прифатлив и одржлив начин во рамките на избрани пилот локации.

Тоа ќе придонесе за воведување, тестирање и демонстрирање на нови методи и пристапи за борба против проблемите со деградацијата на земјиштето и уништувањето на шумите во нашата држава, велат од Министерството за животна средина.

– Свети Николе и оваа подрачје не случајно се избрани за денешната акција. Подрачјето на Свети Николе е едно од најаридните подрачја во Република Северна Македонија. Се одликува со оскудна природна вегетација, големи температурни екстреми, мали количини на врнежи и силни воздушни струења (ветрови), истакнала министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, потенцирајќи дека еден од најдобрите и најодржливи начини за заштита на почвата и борба со климатските промени е пошумувањето, т.е подигнувањето на нови шуми на поголеми површини.

Најавувајќи изработка на Закон за заштита на почвите, Шукова рече дека законот ќе утврди не само насоки за одржливи практики за управување со почвата, туку и ќе овозможи справување со деградацијата, ерозијата и загадувањето.

– Со поставување на јасни стандарди и регулативи, целиме да промовираме одговорно управување со почвата со што ќе обезбедиме здрав ресурс за производство на храна преку регулирањето на климатските услови и поддршката на одржливи прехранбени системи, рекла Шукова.

Во соопштението се наведува дека „ЈП „Национални шуми“ континуирано спроведува активности за пошумување низ целата територија на државата. На годишно ниво се пошумува површина од приближно 500 хектари.

– Активно се вклучуваме во компонентата за пошумување на овој проект.  Со тоа се интензивираат нашите активности и се засилуваат напорите за спречување на опустинувањето и деградацијата на почвите и земјиштето и се спречува ерозијата, потенцирала Маре Басова, помошник директорката во „Национални шуми“.

Реализацијата на проектот е поддржана од Глобалниот еколошки фонд (GEF), Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) и Министерството за животна средина и просторно планирање како краен корисник и многубројни партнери меѓу кои и Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени – ИПЕК.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk