Сашо Клековски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, излезе на социјалните мрежи со барање од граѓаните да им дадат 61 пратеник на изборите за да имаат стабилна влада „која ќе ја однесе Македонија во правилна насока“.
„Она што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди е позитивна кампања и сакаме да им понудиме конкретни насоки на граѓаните како раст, владеење на право. Граѓаните очекуваат конкретни резултати, а не празни ливади со камен темелници“, напиша Клековски на Твитер.
Освен една позитивна порака, неговото барање наиде на лавина од скептицизам и пораки во стилот – „ве знаеме, малку морген“. Практично, иако Клековски е нов член, тој се соочува со последиците од одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ изминатите осум години да ги признае грешките, да направи вистински промени во партијата и да отвори пат за себе без хипотека да бара доверба од граѓаните. Еве некои од реакциите:
„Клековски, значи ти како стратег и креатор на политики таму, идеалот треба да ти биде да создадеш услови за силни институции со интегрирани стратешки државни политики што сите политички субјекти ќе ги следат. Така ќе создадеш одбрамбен механизам против идиоти како Заев“.
(Клековски) „За да стигнеме до силни институции потребни се реформи за кои е потребно стабилно мнозинство, а за најважните ќе треба и двотретинско мнозинство. Програмата се презентира, ќе има кампања и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја бара довербата за таа програма, не да бидиме цареви!“
„Нема таков механизам во државава што ќе го гарантира тоа. Така да, останува таков капацитет да се гради само со консензус на сите, плус меѓународно покровителство. Значи, општа акламација треба да се бара за ова, а не апсолутна власт“, е првата твитер реакција што ја урна тезата за доброто од апсолутното мнозинство.
„Зар вие мислите дека ние сме сите луди и не се сеќаваме што правеше ВМРО по сѐ што слушнавме? Груевски во своето ‘златно’ доба стигна до 60 пратеници со уцени, фалсификат, заробена држава, заробени медиуми, уништена опозиција, списоци во администрација…“
„Аха, така ли? Па имавте 61 пратеник и пак бевте слуги. А, зошто не дадете на СДСМ 61 пратеник или на Левица 61, или на Достоинство 61 зошто мора да е ДПМНЕ?“
„Уште ли луѓе гласаат за СДС и ДПНЕ?“
„Хахахаaаха, резултати со истите луѓе… Живеам во општина со вмровски градоначалници 20 и плус години, за …не ги бива ама за крадење охохо… Алоо, уште имаме неасфалтирани улици и регионални патишта со 3 метри ширина, а сакате 61 пратеник“.
„Ова НАПОРНА РАБОТА познато ми е од еден политичар што не е тука“.
„Викаш ја научиле лекцијата и ќе донесат промени Милошоски, Јанушев, Николоски, Павле, брат Љубе…“
„Дали ќе ги вратите раселените Македонци од 2001 во Арачиново, Теарце, Матејче, … Дали тоа е услов да коалицирате со партија на етнички Албанци? Зошто во Латвија и Естонија нема партија на етнички Руси во власта, иако таму Русите се поголем процент од Албанците во МК?“
„Научени лекции. А, се слика со Гоца“.
„Само бидете прецизни за грешките од минатото, напишете во програмата на пример: Огласите за вработени ќе бидат спроведени професионално, а не како на времето кога преку месни комитети се бираше кој ќе биде вработен…“
„Брату, бајрам на мозак е фина екскурзија. Ништо од ова нема да биде, ќе терате по старо или ќе сакате овие слепци што сега нѐ владеат да ги стигнете“.
„Имате научени лекции од минатото или грешки што нема да ги повторите?“
„Дај не го смеете народот. Веќе одамна ова не е комедија“.
„Со Павле и Стојанчо не се прават промени“.
„Сашо, уште не е 1 април за вакви лаги“.
„И понатаму ли ќе бидете антизападни фашизоидни слуги на Путлер?“
„30 години нѐ влечете за нос ! Кое владеење на право, кој црни раст…“
„Не го гледате пак тој филм… дајте ни 61 слободно да си ја присвоиме цела македонска економија, да го окупираме цел медиумски простор и да се прогласиме за цареви…Хахаххааххаа, јако“.
„Чоек, ВМРО сте. За кое владеење на право збоуваш?“
„Народот очекуваше да останат закопани ефтините политички к…ви Стојанче, брат Љубе, ДОМ
„Како ќе правите вие правда кога масовно прислушувавте, рекетиравте и местевте пресуди? Како партија сте толку искомпромитирани што не смеете зборот правда да го зуцнете.“
„Еве гледаме по општините дека грешките од минатото сте ги научиле, а богами и надградиле“.
„Колку е тегла мед? Данела сум…“