Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера го прогласи својот близок соработник Милош Вучевиќ мандатор за состав на новата влада за премиер и човек кој ќе ја води новата влада во време на војна во Европа и тензии со Косово, објави Ројтерс.
Како што претходно објави ЦИВИЛ Медиа, Српскиот претседател Александар Вучиќ во дел од своето обраќање до граѓаните посвети на критики за весникот „Нова“, а сето тоа бидејќи погрешно го прочита насловот. Иако во насловот јасно стои дека станува збор за Милош Вучевиќ, актуелниот лидер на Српската напредна партија (СНС), шефот на државата сепак беше убеден дека во насловот се споменува тој.
„Ги замолувам граѓаните на Србија да го погледнат ова: „Броилата за струја ги чита фирма на соработник на Вучиќ“, прочита Вучиќ, мавтајќи со петочното издание на весникот „Нова“ во зградата на Претседателството.
Сепак, како што пишува Нова.рс, претседателот не забележал добро дека во насловот јасно пишува – „соработник на Вучевиќ“.
Марта Пешевска