„Имаше многу идеи во изминатиот период, тие идеи мора да прераснат во одлуки. На основа на анализи коишто сме ги направиле, сметаме дека таа наша коалиција за европска иднина треба да биде составена од нашите традиционални партнери и од поединци, политички партии кои ќе го отсликаат тоа милје на Македонија. Многу сум горд што СДСМ е промотор на идејата за „Едно општество за сите“, СДСМ е промотор на учеството на малите етнички заедници во парламентот. Да не беше СДСМ во сите овие 30 години, ќе немаше ниту еден претставник на етничките заедници во парламентот“, изјави поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во Дневникот на Сител.
Тој додаде дека СДСМ останува цврсто посветена на целта којашто ја има.
„Европската визија, европската перспектива ќе биде обезбедена. Се грижиме нашите млади луѓе да живеат врз основа на европски вредности овде во државата“, заклучи Спасовски.