ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Се одбележува Денот на шегата

April 1, 2024 09:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денот на шегата – 1 Април денеска ќе биде одбележан со повеќе настани. Познат е како ден кога се прават шеги, а традиционално најмладите се маскираат со ликовите на омилените јунаци од цртаните филмови и се бираат најдобрите маски.

Речиси во секоја општина се организираат манифестации со кои се одбележува Денот на шегата. Под слоганот „Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!”, Општина Кисела Вода организира голема забава под маски за најмладите пред салата Расадник каде ќе биде поставен забавен парк со најразлични реквизити, ќе има кловнови и аниматори, а за музичкиот дел ќе бидат задолжени „Поточиња”.

Луѓето низ цел свет на овој ден традиционално се шегуваат едни со други, си играат мајтап и се забавуваат смислувајќи сплетки, но и безопасни лажни вести.

Во некои земји како Обединетото Кралство, Австралија и Јужна Африка, шегите се тераат само до пладне, по правило. Во Франција, Белгија, Холандија, Италија и француското говорно подрачје во Канада и Швајцарија, традицијата на 1 април е позната како „Ден на рибата“. Вообичаена шега тука е невидливо да му се залепи хартиена риба на грбот на жртвата.

Според едно предание, 1 април како Ден на шегата бил создаден кога во 16. век Новата година била поместена од 25 март на 1 јануари. Дотогаш во многу европски градови Новата година се славела на 25 март, а прославата траела седум дена, односно до 1 април. Според ова толкување, оние кои го прифатиле новиот датум за Нова година се шегувале со оние кои сѐ уште го славеле пред 1 април.

Најраната поврзаност меѓу 1 април и правењето шеги сепак се јавува во „Приказните од Кентербери“ на англискиот поет Џефри Чосер од 1392 година.

Во 18. век се сметало дека овој ден потекнува од библиската приказна за Ное. Според една статија од 1789 година, на тој датум Ное првпат го испратил гулабот – прерано.

Од друга страна, пак, и некои настани што навистина се случиле на 1 април, често биле дочекани со неверување – како шега. На пример, Иран го прогласи 1 април за Ден на Републиката во 1979 година, но и до денес, многумина не веруваат дека тоа е вистински празник.

Во данскиот град Албертслунд во 2009 година, училиште за малку ќе изгорело до темел бидејќи пожарникарите не верувале дека првите два телефонски повици се вистински.

Tags: 1 априлден на шегата
Next Post

Германија го либерализира пазарот на канабис

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk