ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кондарко: Кандидатите мора да го познаваат Изборниот закон, да не изнесуваат неосновано напади врз работата на ДИК

Членот на ДИК Борис Кондарко, во името на Државната изборна комисија, по повод изнесените реакции од дел од претседателските кандидати за време на потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, порача дека кандидатите и политичките партии мора да го познаваат Изборниот закон и надлежностите на ДИК ако сакаат да учествуваат во изборниот процес, а не да изнесуваат непроверени и паушални напади.

April 2, 2024 19:25
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ

Членот на ДИК Борис Кондарко, во името на Државната изборна комисија, по повод изнесените реакции од дел од претседателските кандидати за време на потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, порача дека кандидатите и политичките партии мора да го познаваат Изборниот закон и надлежностите на ДИК ако сакаат да учествуваат во изборниот процес, а не да изнесуваат непроверени и паушални напади.

Кондарко на почетокот на попладневната 92. седница на ДИК во процедурално обраќање посочи дека ДИК не организира политички јавни дебати, не ги определува правилата на игра и нема да дозволи никакви влијанија и мешање ниту на партиите, ниту на кандидатите.

– ДИК не е ниту политичка партија, ниту политички противник на кој било од кандидатите и со оваа реакција нема намера да им прави никаква промоција, но мора да реагира и не може да премолчи, затоа што од дел од кандидатите беа изнесени директни напади, притисоци и невистини за работата и одлучувањето на ДИК, рече Кондарко.

Тој потенцира дека ДИК не организира политички јавни дебати, не дели пари на кандидатите и на партиите, туку тоа е регулирано во Изборниот закон. Како што рече, ДИК не носи изборен закон и не ги определува правилата на игра, туку тоа го прави Парламентот. Напомена дека ДИК не е Парламент, и ако имаат некои забелешки, кандидатите да ги решаваат проблемите во Парламентот со политичките партии кои го гласаат Изборниот закон.

ДИК, како што рече, единствено го спроведува Изборниот закон и се грижи за организација на изборниот процес согласно своите законски надлежности.

-ДИК со оваа реакција само сака да покаже дека нема да дозволи никакви влијанија и мешање ниту на партиите, ниту на кандидатите во работата и надлежностите на ДИК. Преку ова го штитиме својот професионален углед и институционален интегритет, но и интегритетот, угледот и сликата за изборниот процес во државата.Со оваа реакција не навлегуваме во останатите пораки на кандидатите, тоа е сепак нивна одговорност пред граѓаните и нив треба да ги гласаат. ДИК не настапува на избори, ДИК се грижи за законито спроведување на изборите и единствено така работи, рече Кондарко.

Реакцијата на Кондарко доаѓа откако кандидатите за претседател на државата денеска во Државната изборна комисија го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, освен претседателскиот кандидат на ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“, Стево Јакимовски, кој рече дека ќе го почитува Кодексот, но нема да го потпише доколку ДИК не гарантира дека ќе организира дебати, посочувајќи дека одредени кандидати се максимално фаворизирани и средствата за кампањата не се рамноправно поделени. Останатите ставија потпис и се обврзаа дека кампањата ќе ја тераат согласно Кодексот, иако дел од нив изразија скепса и реагираа што мастер дебатите кои требаше да се одржат се откажани.

Tags: изборен законикИзбори 2024
Next Post

Познатиот дански ракометар ја завршува својата кариера

НАЈНОВО

„Репортери без граници“ и „Авааз“ организираа кампања за заштита на новинарите во Газа

September 1, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Баер Леверкузен го отпушти Тен Хаг

September 1, 2025

Над 800 загинати и 2.500 повредени по земјотресот во Авганистан

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk