Идејата за акцијата „Поштата е брза, само споро стигнува„ е инспирирана од фактот дека иако веќе помина и 1 Април многу граѓани се уште добиваат новогодишни честитки, а на некои и тие им доцнат, е пораката на герила акцијата од Центарот за современи уметности.
„Сè на сè поштенските пратки на Пошта не Северна Македонија се движат со брзина на полжав и токму затоа и ја изработивме оваа скулптура, сакајќи да го потенцираме овој проблем и да извршиме јавен притисок за подобрување на состојбите во АД Пошта на Северна Македонија и изнаоѓање на проблемите со кои се соочува претпријатието и неговите вработени. Истовремено со оваа акција даваме поддршка и на синдикатот на поштенските работници кои пред скоро време штрајкуваа барајќи ги своите неисплатени плати како и реорганизација во работењето на претпријатието за да може граѓаните да добијат подобри поштенски услуги.“, истакнуваат од Центарот за современи уметности.
Акцијата е дел од програмата Урбани уметнички акции на Центарот за современи уметности, која на креативен начин ги комуницира и се бори за решавање на проблемите на граѓаните.