Полицијата уапси две лица осомничени за убиството на Данка Илиќ, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредна седница на Владата на Србија, пренесува N1. Потрагата по детето кое исчезна минатиот вторник траеше 10 дена.
Тие го признале убиството, додаде Вучиќ.
Со какви чудовишта си имаме работа… Сега ја водат полицијата до местото каде што го фрлиле телото на детето, истакна Вучиќ.
Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско Поље. Истрагата била веднаш покрената и се одвивала низ цела Србија. Сите кои биле во близина на девојчето во моментот на нејзиното исчезнување биле сослушани.
„Се појавија разни информации каде се наоѓа, дури и видео од Виена, но сето тоа се покажа како неточно. Дури бевме сведоци на објава на социјалните мрежи, каде тројца од БиХ се пофалија дека знаат каде е Данка, но се работи за лажна објава поради обид за изнуда на 25.000 евра за информација. Тие се уапсени и се чека казна“, рече Вучиќ.