ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Што ни нуди Мицковски

April 4, 2024 20:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЃОРЃИ СПАСОВ

Мицковски ни го нуди “врвниот економист” Зоран Ставревски, кој ќе ја враќал “силната економија” од времето на Груевски, која заврши со најголемиот корупциски скандал и криминал во историјата на Македонија познат како “Проект Скопје 2014”.

Една милијарда евра беа испумпани од државниот буџет од кои најголемиот дел заврши во приватните џебови на тогашните владини функционери. Со таквиот експерт станавме во светот познати како “лудаци”

А со “врвниот правник” Антонио Милошевски, познат како моќникот од Кичево, Мицковски ќе ги враќал владеењето на правото и правдата во Македонија.Човекот што нарачуваше лустрација на судија за да го заштити криминалот на неговото семејство и кој како “патриот” остана познат по тоа што Блаже Конески го нарече ” џуџето од Небрегово ќе ни делел правда и ќе ни ја водел надворешната политика.

Да не ги споменувам и другите “таленти”.

Без грам каење и без срам за се што земјава проживеа во времето на тој режим, кој заврши со насилен обид за спречување на промената на власта и со ставање на црната листа на САД на Груевски Камчев и Мијалков, Мицковски, него одново го нуди како успешен проект за иднината на земјава.

Останува само уште лидерската функција одново да ја врати во рацете на Груевски и да престане со греење на столчето за него.

Мицковски всушност само ја подготвува одмаздата на тој режим за изгубената власта и враќање на истите методи на владеење заедно со пропагандната латасовштина, и националистичката пропаганда завиткана во фразите за одбрана на славното минато и на “понижениот македонски народ”.

Таа пропаганда не претвори во “Калимеровци” кои само врескаат дека нема правда и кои плачат над својата судбина дека биле жртва на соседите на големите сили без да се соочат со сопствената вина и неодговорност.

На таа пропаганда важно и било секогаш вината да биде префрлена на друг само со цел да се сокрие сопствената неспособност.

Мицковски, како изданок и креатор на тој режим, му подготвува нова стапица на македонскиот народ во која секој што ќе биде фатен ќе се кае долго и пополека.

Сите што учествуваат во таа измама не смеат себе да се амнестираат од одговорноста за она што може одново да и се случи на земјава.

Македонија во изминатите 7 години беше поставена и се движеше по јасна патека. Излегувањето од шините што го планира Мицковски со неговата тајфа може да доведе до голема несреќа за народот.

И да. Македонија треба да биде горда на тоа што стана членка на НАТО, доби преговарачка рамка за членство во ЕУ и се справуваше релативно успешно со совладувањето на низа кризи со кои се соочуваше земјава.

Тешко на неа ако од Гордана очекува да и ја врати гордоста.


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Стопираа камионите со помош во северниот дел на Газа од смртоносниот напад

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk