ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промоција на „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска

April 10, 2024 11:37
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Книгата „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска, која претставува своевиден пресек на состојбите во домашната кинематографија во периодот од независноста на државата, безмалку до денес, ќе биде промовирана вечер во „Јавна соба“, се наведува во денешното соопштение на организаторите.

– Промотори на книгата се режисерите Ана Опачиќ и Даријан Пејовски. Промоцијата ќе биде проследена и со џез концерт на нашите еминентни музичари со Гоце Стефковски квартет, во состав: Гоце Стефковски, Дарко Мучев, Филип Динев, Кирил Кузманов, пишува во соопштението.

На стотини страници, од перспектива на авторката, се додава, книгата дава опис на развојот на кинематографија во период од три децении, не исклучувајќи го влијанието, односно политичките и социолошките фактори врз промените во нашиот филм. Книгата како што вели авторката е „посветена на сите сонувачи што ги создадоа темелите на независната продукција и оние што беспоштедно ќе ги градат новите патеки“.

„Дискретниот шарм на македонскиот филм“ е илустриран со плакатите од филмовите, што претставува нивна прва систематизирана објава на едно место, се појаснува во соопштението, а вклучени се сите достапни плакати во архивата на Кинотеката на Република Северна Македонија.

– Книгата стручно ги истакнува сите причини и последици од македонското филмско творештво од 1991 до 2021, години на политички премрежиња, на уметничко деморализирање, на општествено девалвирање, но и на одлучната македонска борба да се опстои, па дури и во филмска смисла, да се пронајде вистинскиот филмски збор, да се направи оптимален филмски избор, во разбрануваното море неприлики, оти ние сме борбен народ, нели. На страниците на „Дискретниот шарм на македонскиот филм“, поместени се и историографски, но и статистички податоци за конкурентноста на македонскиот филм на најзначајните филмски натпреварувања, пишува рецензентката на книгата, Ана Кубин.

Ана Василевска е родена во Скопје во 1975 година. Таа е новинар, филмски теоретичар, критичар. Формалното образование го стекнува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како дипломиран филолог по македонски јазик со општа и компаративна книжевност, а магистерските студии по филмска и телевизиска режија, на Факултетот за аудиовизуелна уметност „ЕСРА“, Скопје.

Со професионално новинарство, насочено кон културата, со посебен фокус кон филмот се занимава од 1998 година.

„Дискретниот шарм на македонскиот филм“ е нејзина прва објавена книга. По промоцијата, книгата ќе биде достапна во книжарниците.

Tags: „Дискретниот шарм на македонскиот филм“Ана ВасилевскаКнигаПромоцијафилм
Next Post

ЕУ го актуелизира прашањето за надминување на кипарскиот спор

НАЈНОВО

Марјан Забрчанец за Фронтлајн: Изборниот модел ја храни етничката и партиската поделба

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025

Расте интересот за вакцинација против сезонски грип: Досега пријавени 70.000 граѓани, вакцинирани над 22.000

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk