ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕУ го актуелизира прашањето за надминување на кипарскиот спор

April 10, 2024 11:51
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓу заклучоците од Самитот на ЕУ што е планиран за 17 и 18 април во Брисел, е наведена и одредба со која шефовите на држави или влади на членките на Унијата ја истакнуваат важноста од постигнување напредок во разговорите за решавање на кипарското прашање.

Во предлог-текстот се посочува дека Унијата „придава значителна важност на продолжување и напредок во разговорите за решавање на спорот на Кипар, што исто така може да ја зајакне соработката меѓу ЕУ и Турција“, како и дека европските лидери „остануваат целосно посветени на сеопфатно решение на кипарскиот проблем, во рамките на ОН и во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН и со принципите на кои се базираат ЕУ и нејзиното законодавство“.

Во текстот се нагласува и дека ЕУ е подготвена да игра „активна улога во поддршката на сите фази од процесот предводен од ОН со сите соодветни средства што и се на располагање“, но не се споменува и нејзино директно вклучување во разговорите, идеја што ја предлагаат властите во Никозија.

Содржината на предлог-заклучоците за оваа прашање се уште е тема на дискусија и усогласување.

ЕУ го поддржува ставот на ОН за решавање на кипарскиот проблем преку создавање на бикомунална и бизонална федерална држава и е против сценариото за поделба на островот на две држави.

По воениот удар во Никозија во 1974 година, поддржан од тогашната хунта во Атина, чија цел беше припојување на островот кон Грција, Турција изврши инвазија врз Кипар, окупирајќи 37 отсто од територијата на земјата. Ваквиот развој на настаните резултираше и со преселба на етничките Грци од територијата под турска контрола и на Турците од деловите контролирани од Владата во Никозија, која ја сочинува претставници на грчката заедница. Во 1983 година на територијата под турска контрола беше прогласена т.н. Турска Република Северен Кипар, која е призната само од Анкара.

Оттогаш, имаше неколку дипломатски обиди за решавање на проблемот, кои не вродија со плод. Спорот се чинеше најблиску до решение во 2004 година, кога тогашниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан предложи План за повторно обединување на Кипар, кој предвидуваше создавање на федерација под името Обединета Република Кипар, составена од две федерални држави. На референдумот во турскиот дел на Кипар планот го поддржаа 64,91 отсто од гласачите, но во грчкиот дел тој беше отфрлен од 75,83 проценти од гласовите на избирачите.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш неодамна ја именува поранешната колумбиска министерка за надворешни работи Марија Анхела Олгин Куељар за свој личен претставник за Кипар, со идеја да придонесе за заживување на преговорите за кипарскиот спор, но засега нема знаци за напредок што би укажувале на можно одржување директни разговори.

Лидерот на кипарските Турци, Ерсин Татар минатата недела во интервју за „Дејли Телеграф“ оцени дека секоја дискусија за повторно обединување на островот во федерација претставува „губење време“ и дека „единствениот пат напред“ во надминување на спорот е решението со создавање две држави. Според него, само „една мала грешка“ може да го претвори Кипар во „нова Газа“.

Tags: ЕУКипар
Next Post

МНР на Украина: Окупација на АЕЦ Запорижја од страна на Русија создава невидени закани за нуклеарната безбедност на Европа и светот

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk