ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Мултиетничката стратегија на Ахмети

April 11, 2024 10:42
in PMD, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Сефер Тахири (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter
  • Европскиот фронт е еден вид нова политичка верзија на мултикултурниот (интеркултурниот помалку) концепт кој прво беше заевистички, а потоа владин
  • Првата мултиетничка коалиција на ДУИ се случила во 2006 година, кога на парламентарните избори стапува во коалиција со Демократската лига на Бошњаците
  • ДУИ со поголем број на пратеници се обидува да оневозможи формирање на влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ со албанската опозиција, а во случај да се формира коалиција со СДСМ да го зачува премиерското место

Пишува: СЕФЕР ТАХИРИ

Али Ахмети кога се наоѓа во тесно, во политичка смисла, наоѓа нови модели за излез од тешката позиција.

На минатите избори од „нигде негде“ против коалицијата меѓу Алијанса на Албанците и Алтернатива мајсторски излезе со формулата „ДА за премиер Албанец, зошто да не?“ (на албански Pse jo, формулација која почна да се употребува на шега и меѓу Македонците).

На овие избори, Ахмети вели дека игра во „супер лига“ што според мене значи дека сака да го напушти етничкиот концепт и да се натпреварува со големите македонски партии. Водачот на албанскиот воен отпор нуди мултиетничка коалиција! Спортски би рекле „Људи јели је то могуче“ (Луѓе, дали тоа е можно)!

Поранешниот командант на Ослободителна национална армија (ОНА) станува прагматичен лидер, кои ги соединува во Европскиот фронт, не само дел од партите на Албанците, кои беа негови лути довчерашни ривали, туку и партии од турската, ромската и бошњачката заедница. За оправдување, ќе изјави дека во 2001 во редовите на ОНА имало и припадници на заедниците.

Фронтот е еден вид нова политичка верзија на мултикултурниот (интеркултурен помалку) концепт „Едно општество за сите“ кој прво беше заевистички, а потоа владин концепт на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, а потоа наизменично Алтернатива и со Алијанса.

Иако во медиумите и јавноста, блиски до ДУИ, се афирМира наративот дека прв пат една политичка партија на Албанците ги соединува партиите на заедниците, тоа не е вистина. Тоа е пропаганда, која не ѝ оди на прилог токму на партијата на Ахмети.

ДУИ уште на самите почетоци не била етничка партија само на Албанците. Во 2002 година формираше огранок во Кочани, на чело со тогаш популарниот Венцо Арсов, а социјално-политичкиот експеримент не успеа во другите градови на источна Македонија.

Првата мултиетничка коалиција на ДУИ се случила во 2006 година, кога на парламентарните избори стапува во коалиција со дел од Партијата за демократски просперитет, но и со Демократската лига на Бошњаците, а во 2011 година Рафет Муминовиќ станува пратеник на оваа коалиција, иако од 2002 до 2006 беше во коалиција со СДСМ.

Исто така, се спинува дека Бујар Османи е првиот кандидат Албанец за претседател, кој се обидува да ги придобие гласовите на заедниците. Бујар е вториот, а првиот е Имер Селмани, познат и како Обама од Македонија. На изборите во 2009 година освои 147 илјади мултиетнички гласови.

Од друга страна, погрешна или, пак, ненамерно погрешна е тезата на албанската опозиција позната под името ВРЕДИ дека ДУИ и Ахмети се борат за добивање на легитимитетот во албанскиот блок, во кој според нив се соочуваат нивниот албански концепт и мултиетничкиот или како што го нарекуваат граѓанскиот на ДУИ. Тоа е само делумно точно и вистинито!

Ахмети, соочен со голема противничка коалиција ја спроведува стратегијата „секој глас е битен“ без разлика на разликите со партнерите во програмата, каузата, идеологијата или историјата на политичка конфронтација, која некогаш вклучила дури и насилство и конфликтни ситуации. Целта е да постигне што подобар резултат на првиот круг на претседателските избори, а потоа и на парламентарните избори. Со поголем број на пратеници, тој се обидува да оневозможи формирање на влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ со албанската опозиција, а од друга страна, во случај да се формира коалиција со СДСМ, да го зачува премиерското место за Талат Џафери, што секако дека за социјалдемократите со ваков рејтинг би било прифатливо. Кој се концентрира на теоријата на легитимитетот „победникот со победникот“, греши!

Ахмети посакува ВМРО-ДПМНЕ да освои под 50 пратеници, а СДСМ да освои одреден број на пратеници, кој во комбинација со ДУИ и со некоја друга парламентарна партија би биле доволни за составување на новата влада. Секако двете опции теоретски се во игра. Веројатноста да се случи првото е со мал процент, а втората варијанта е само аритметичка, односно не е баш реално политичка. Барем досега!

П.С. Овие денови додека го подготвував овој текст, спектакуларно беше приведен новинарот Фуркан Салиу. Не бараме посебен законски третман за новинарите, но во иднина полицијата и другите институции треба да бидат внимателни кога се во прашање новинарите и медиумските работници, затоа што нападот врз било кој новинар е напад врз слободата на медиумите и изразувањето – темели на демократијата!

Одговорност за полицајците кои надминале надлежностите!

Северна Македонија, достојна држава за новинарската професија!

Правда за Фуркан!


Проф. д-р Сефер Тахири е универзитетски професор. 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лојалност – награда – глупост

June 22, 2025

Кац: Целта на нападите врз трите ирански нуклеарни објекти беше да се „гарантира дека Иран не поседува нуклеарно оружје“

June 22, 2025

Протоколот на Јохана Бадвиг кој седум децении се користи во лечењето на рак

June 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пациенти со тежок дијабетес се излекувани во мало испитување на нов лек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ​​Силни експлозии во централниот и северниот дел на Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk