ЈП Лајка ве поканува на забава под маски вас и вашето милениче. Маскембалот ќе се одржи на 14 април во 12 часот на Школка во Градски Парк, Скопје.
Ќе се избира најдобро маскирано куче и најдобро маскирани сопственик и куче, а за најдобрите и најинвентивни учесници нашите спонзори обезбедија возбудливи и вредни награди.
Како и сите настани на ЈП Лајка и овој има за цел да го насочи вниманието на важноста на посвојувањето на бездомно куче.
„Без разлика дали сте искусен сопственик на домашно милениче или размислувате да додадете миленик во вашето семејство, овој настан е за вас, Ве очекуваме!!“, велат од ЈП Лајка.