ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Израелската војска соопшти дека „99%“ од повеќе од 300 проектили истрелани кон Израел од Иран биле пресретнати

April 14, 2024 09:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ

Израелската војска денеска соопшти дека „99%“ од повеќе од 300 проектили истрелани кон Израел од Иран биле пресретнати.

Само „мал број“ балистички ракети стигнаа до територијата на земјата, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили, контраадмирал Даниел Хагари, пренесува Си-Ен-Ен.

Останатите балистички ракети, сите крстосувачки ракети и сите беспилотни летала беа пресретнати пред да стигнат до израелска територија, додаде тој.
Околу 170 беспилотни летала, повеќе од 30 крстосувачки ракети и повеќе од 120 балистички ракети беа лансирани кон Израел од Иран, рече тој, огромно мнозинство пресретнати од израелските воздухопловни сили и израелските „партнери“.

Балистичките ракети кои стигнаа до Израел паднаа врз воздухопловната база Неватим во јужен Израел, рече Хагари, додавајќи дека предизвикале само мала структурна штета. Базата функционираше и ги продолжуваше своите операции по нападот, а авионите продолжија да ја користат базата, додаде тој.

Некои од оружјата лансирани кон Израел беа истрелани од Ирак и Јемен, додаде Хагари.

Во Голанската висорамнина утрово се огласија сирени за тревога бидејќи Либан истрела околу 25 проектили, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).

ИДФ соопштија дека сирените се огласиле во населбите Ортал и Шаал рано утрово.

Не е наведен типот на испуканите проектили, ниту дали биле пресретнати.

Претходно бараж од најмалку 10 ракети беше истрелан од Либан кон Израел, изјави портпаролот на израелската војска за Си-Ен-Ен.

Според ИДФ, во петокот врз Израел беа истрелани околу 40 ракети од јужен Либан. Либанските милитанти на Хезболах, поддржани од Иран, рекоа дека ги испукале ракетите врз позициите на израелската артилерија како одговор на неодамнешните израелски напади и како поддршка на палестинскиот народ во Газа.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ја даде својата прва јавна изјава по нападот на Иран, ветувајќи му на народот на земјата дека „заедно ќе победиме“.

Американскиот претседател Џо Бајден, јасно стави до знаење дека САД нема да учествуваат во какви било офанзивни операции против Иран, според висок претставник на администрацијата. Но, тој рече дека посветеноста на Вашингтон за безбедноста на Израел против иранските закани останува „железна“.
Американските сили пресретнале повеќе од 70 беспилотни летала и најмалку три балистички проектили, според американски официјални претставници. Оценката на САД е дека нападите на Иран беа главно неуспешни.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен по иранскиот одмазднички напад врз Израел истакна дека „ќе се консултира со сојузниците и партнерите во регионот и во светот во часовите и деновите што следат“.

„САД најостро го осудуваат нападот на Иран врз Израел. Иако не бараме ескалација, ќе продолжиме да ја поддржуваме одбраната на Израел и како што јасно кажа претседателот, ќе го браниме американскиот персонал“, рече Блинкен.

Израел „тесно соработува“ со САД, Велика Британија и Франција, изјави портпаролот на израелската војска, контраадмирал Даниел Хагари, додавајќи декатрите земји „дејствувале вечерва“ за време на иранските напади.

„Ние тесно соработуваме со САД, Велика Британија и Франција кои дејствуваа вечерва. Ова партнерство отсекогаш било блиско, но вечерва се манифестира на необичен начин“, рече Хагари.

Ј. Ѓ.

Поврзано:

Иран лансираше дронови кон Израел, се очекува да пристигнат за неколку часа

 

Tags: израелИран
Next Post
Фото: Ројтерс

По нападите на Иран, расте стравот од поширок конфликт

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Во Претседателството на БиХ нема поддршка за предлогот Трамп да добие номинација за Нобелова награда за мир

August 25, 2025

Гардијан: Венс во февруари барал замена за Зеленски, Залужни одбил телефонски повик

August 25, 2025

Остатоците од ураганот „Ерин“ стигнуваат во Европа – се очекуваат ветрови, обилни дождови и бранови до 12 метри

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk